Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИК го усвои упатството за бројот на советници во општините и Град Скопје
Македонија

ДИК го усвои упатството за бројот на советници во општините и Град Скопје

22/08/2025

AA

Државната изборна комисија (ДИК) денеска попладне го усвои упатството за бројот на советници во советите на општините и во Советот на Град Скопје. Со тоа Комисијата ја продолжи работата по четвртата точка од дневниот ред на 130. седница.

Од правната служба на ДИК претходно било доставено писмено мислење по барање на членот Дитмире Шеху.

При гласањето за предлог-упатството за пополнување на образец на листи за членови на советите, петмина членови на ДИК гласаа „за“, а еден беше „против“.

„Согласно Изборниот законик и Деловникот, ДИК одлучува со мнозинство гласови. Од вкупно седум избрани членови, на седницата присуствуваа шест – петмина гласаа ‘за’, еден ‘против’. Затоа одлуката е донесена со потребното мнозинство. На првата седница имаше иницијатива да се гласа со консензус, но откако тоа не беше прифатено и по добиеното мислење, немаме законски основ да бараме консензус, туку одлучуваме со мнозинство“, изјави претседателот Борис Кондарко, одговарајќи на забелешките на Шеху.

Тој потсети дека, согласно Изборниот законик, член на ДИК кој има спротивно мислење има право да поднесе тужба до Управниот суд, како редовен правен лек против донесената одлука.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy