Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дигитална бизнис платформа „One stop digital“ за микро, мали и средни претпријатија и работна средба со Царинската управа на РСМ
Економија

Дигитална бизнис платформа „One stop digital“ за микро, мали и средни претпријатија и работна средба со Царинската управа на РСМ

16/06/2025

AA

Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стропанската комора денеска ја промовираше дигиталната платформа за ММСП „ONE STO DIGITAL“, наменета за микро, малите и средни препријатија, кои преку мобилна апликација ќе имаат брза и едноставна достапност на сите коморски услуги во интерес на деловниот амбиент. 

Оне стоп дигитал центар е платформа односно алатка која е поддржана и овозможена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Идејата произлезе по контстатирање на потребата на компаниите на едно место да се инкорпорираат сите информации лесно достапни на веб-платформа и апликација на мобилни уреди. Тоа ќе претставува алатка за лесна комуникација и поврзаност која ќе дава но и ќе разменува информации.

Фокусот на ММСП значи економски развој, одржливост и извор на иновативност. Затоа како комора работиме на сè поголема подршка и фокус како подобро и побрзо да ги доближиме до потребните информации и ги вклучиме во партиципирање на сите процеси.

Настанот го отвори претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија Габриела Кулебанова која истакна дека, дигиталната платформа за ММСП е изработена со поддршка на ЕБОР и истата ќе  може да ја користат само копаниите членки со нивно логирање за што ќе добијат посебена лозинка.

Во своето обраќање до компаниите таа истакна дека улогата на оваа група доминатни компании по број и вработени во секоја економија имаат значајна улога. Ова  се најбрзо растечки компании, како форма на делување, вработуваат многу лица, а од друга страна поради тоа што немаат поединечно многу вработени често се соочуваат со неможност физички да се присутни на места каде се случуваат бизнис настани, а уште помалку можат да следат што се работи на дневно ниво преку отворање класично на веб-страната на Комората, затоа преку мобилната апликација Комората односно Центарот за ММСП се приближува до фирмите и им овозможува на брз и едноставен начин да имаат достапност до разните форми на информации од бизнис делувањето.

Во соработка со Центарот за поддршка на ММСП при Стопанската комора на Севрна Македонија, Европската банка за обнова и развој поддржа проект за имплементација на дигитална платформа во која на едно место малите и средни компании ќе имаат пристап до дневни информации важни за нивното работење, раст и развој, истакна Соња Ингилизова од ЕБОР, додавајќи дека дигитализацијата е приоритет на ЕБОР и овааа соработка е целосно усогласена со нивната стратегија.

Илија Серафимов, преку фирмата „Серафимов Груп“ со финансиската подршка на ЕБОР ја изработи оваа платформата. Присутните компании преку презентација на платформата ги воведе  во содржините и функционалноста на истата.

Вториот дел од настанот беше работна состанок со директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, Бобан Николовски, за актуелни теми од интерес на бизнисот, за што во изминатиот период беше процесирана и мини анкета до членките за изјаснување на проблемите со кои се соочуваат и потребите за подобрување на протокот на стоки и услуги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП Имунизацијата почна, досега се

21/10/2026
Македонија

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ

21/10/2026
Македонија

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ

21/10/2026
Македонија

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46300
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на неговите наоди, Обвинителството му ја

21/10/2026

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје заврши сослушувањето на

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА НА СПОРНИТЕ ТЕРМИНАЛИ Во „Лотарија“

21/10/2026

Управниот одбор на АД Државна лотарија не донел посебна одлука за набавка на видео-лотариските терминали (ВЛТ), а потребата од нивна

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи појасни надлежности и ревизија на

21/10/2026

Министерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ),

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy