Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дигитализацијата на плаќањата и воведување дигитална валута – Централните банки пред предизвик?
Економија

Дигитализацијата на плаќањата и воведување дигитална валута – Централните банки пред предизвик?

29/06/2023

AA

Новите технологии забрзано го менуваат пејзажот на платежните услуги и пазарната инфраструктура, како во светот, така и кај нас. Централните банки се еден од двигателите во процесот на дигитализацијата на плаќањата, а најдобар пример за тоа е што најголем број од нив ги истражуваат можностите за воведување дигитална валута, вклучувајќи ја и нашата централна банка. Во услови на технолошки напредок и глобализација, за да се овозможат побрзи, поевтини и инклузивни прекугранични плаќања, од суштинско значење се соработката и усогласувањето на платните системи. За нашиот регион од особен интерес е усогласувањето на платежната инфраструктурa со рамката на Единствената европска платежна област (СЕПА), за поефикасни прекугранични трансакции и забрзување на економскиот раст.

Ова беа првите пораки упатени од 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, која во организација на нашата Народна банка и Централната банка на Холандија, се одржува денес и утре во Охрид. Конференцијата, со свои обраќања, ја отворија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк.

Тековните и идните трендови во иновациите во платежните услуги и улогата на централните банки во тоа, беа главниот осврт во обраќањето на гувернерката Ангеловска-Бежоска. Ангеловска-Бежоска посочи дека во анкета на „Централ банкинг“ за финтек, над 80 отсто од централните банки како приоритет во истражувањата ги имаат наведено токму иновациите во плаќањата, како и дигиталните валути, кои се соодветен одговор на централните банки на дигитализацијата на платежната индустрија.

– Дигиталните валути на централните банки сѐ повеќе добиваат на значење. Според најновите податоци, 114 земји, коишто претставуваат над 95 проценти од глобалниот БДП, истражуваат за воведување дигитална валута, додека пред три години, само 35 земји размислуваа за тоа. Единаесет земји целосно воведоа дигитална валута, додека од земјите на Г20, 18 земји се во напредна фаза на развој -, посочи Ангеловска-Бежоска, истакнувајќи дека и нашата централна банка неодамна започна со истражување на можноста за воведување дигитален денар.

Директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк, во своето обраќање ја истакна важноста на соработката во плаќањата во услови на технолошки напредок и глобализација, нагласувајќи ја потребата од побрзи, поевтини прекугранични плаќања, како и транспарентност и инклузивност. Како што истакна, „понатамошната интеграција на европскиот пазар на плаќања е неопходен чекор за изградба на посилна Европа“, иако тоа не е едноставен процес на традиционално фрагментираниот пазар и бара стратегија и инвестиции за усогласување. Зборувајќи за холaндското искуство со СЕПА, таа истакна дека усогласувањето со европската рамка е огромниот придонес за поголема брзина и ефикасност на плаќањата и отворање на патот за поголема конкуренција и иновации, притоа носејќи нови решенија за плаќања за граѓаните и компаниите.

„Оваа конференција континуирано се покажува како важна платформа за размена на мислења, во духот на соработката и меѓусебната почит. Во овој контекст, би сакала да цитирам една стара африканска изрека: Ако сакаш да чекориш брзо, оди сам. Ако сакаш да стигнеш далеку, чекори заедно со другите“, порача ван Дијк, осврнувајќи се на важноста на соработката во сите сфери.

Овие два дена, во рамките на 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите од ЕУ и регионот, Црноморскиот Регион и Северна Африка, Банката за меѓународни порамнувања, Европскиот совет за плаќања, домашните финансиски регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските институции од доменот на финтек-секторот ќе дебатираат на повеќе актуелни теми поврзани со јакнењето на финансиската рамка на патот кон СЕПА, поврзувањето на платежната инфраструктура на Западен Балкан со инфраструктурата на ЕУ, дигиталните валути на централните банки ширум светот, отвореното банкарство и иднината на финансиските услуги коишто ги овозможува финтек-секторот и други теми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy