Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕВОЈЧЕТО Е УШТЕ ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ, ЧЕТВОРИЦА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА – еве како се денеска повредените во престрелките во Србија
Регион

ДЕВОЈЧЕТО Е УШТЕ ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ, ЧЕТВОРИЦА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА – еве како се денеска повредените во престрелките во Србија

11/05/2023

AA

Тројца повредени во училиштето „Владислав Рибникар“ и шестмина од Младеновац се на лекување во Ургентниот центар.

Директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Милика Ашанин за РТС вели дека од повредените во Младеновац двајца се во тешка состојба, како и еден ученик од училиштето „Владислав Рибникар“. Повреденото девојче кое е сместено во Детската клиника се уште е во животна опасност, изјави тој.

Посочува дека меѓу повредените во Младеновац двајца се во тешка состојба, јавува РТС.

„Тоа е пациентка со тешка повреда на црниот дроб, дуоденумот и десниот бубрег. Оперирана е, и е целосно свесна, но сепак е во многу тешка состојба. Друга пациентка, која има тешка повреда на главата и е со повреда на левото око, чека интервенција за два-три дена. А за неа можам да кажам дека е целосно свесна, дека сама дише и комуницира“, вели Ашанин.

Кога станува збор за повредените во училиштето „Владислав Рибникар“, Ашанин вели дека од тројцата кои се лекуваат, еден ученик е во тешка состојба.

„Тоа е пациент кој беше многу критичен од почетокот, со тешки повреди на градниот кош, вратот и рбетот“, додава Ашанин.

Тој наведува дека повредениот ученик е многу подобро.

„Имаше интервенција од ортопед, микрохирург, операција на двете подлактици“, нагласува Ашанин.

Тој додава дека и наставничката е во доста стабилна состојба.

Посочува дека интензивно ги следат сите повредени, како и дека се планираат одредени контролни снимања и дека ги следат ефектите од извршените интервенции.

„Единствено што планираме во наредните денови е неврохируршка операција на пациентот кој има повреда на главата“, вели Ашанин.

Дополнително, додава тој, еден пациент кој имал повреди на урогениталната регија во наредните денови ќе биде префрлен од интензивна нега на одделение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
Македонија

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е

23/02/2026
Македонија

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор, на барање на Обвинителството

24/02/2026

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот Артан Груби, кој вечерва беше спроведен во

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува мини пролет, со температура до

23/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Кон крајот на денот и во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy