Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција
Економија

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

27/09/2023

AA

Грчкиот оператор на системот за пренос на гас – АД Десфа е избран за надзорник за изградбата на гасоводот кој ќе ја поврзе Македонија со Грција. Грчката компанија, во чија сопственост една третина има грчката влада, ќе биде консултант на изградбата на македонската страна и веќе има регистрирано подружница, а директорот на операторот на македонската гасоводна мрежа Номагас, Бајрам Реџепи, потврди дека договорот треба денеска да биде потпишан.

– АД Десфа ќе го гради гасоводот на грчката страна, а истовремено ќе биде надзорник и на македонскиот дел. Проверивме во нашето законодавство, а се консултиравме и со Европската инвестициска банка, која го финансира проектот, и тука се е принципиелно. По овој договор, ќе следи наредниот чекор а тоа е објавување на повик со кој ќе се бара изведувач на изградбата, вели Реџепи.

Операторот на гасоводната мрежа Номагас во февруари го објави повикот со кој се бара консултант за изградбата на гасоводот кој ќе ја поврзе Македонија со Грција. Надзорникот ќе треба да ги надгледува сите работи кои вклучуваат изградба на двонасочен гасен интерконектор Неготино – Евзони на македонска територија, помеѓу системите за природен гас на Македонија и Грција. Гасоводот е долг приближно 67 километри и има работен притисок од 74/54 бари. Работите вклучуваат и редукциона станица и придружни објекти.

Проектот е финансиран од Европската инвестициска банка, а сумата која се претпоставува дека ќе му се плати на консултантот за услугата, според податоците од повикот, е 2.450.000 милиони евра.  Времетраењето на договорот би изнесувал 39 месеци, односно се претпоставува дека толку време ќе треба да се изгради гасоводот.  

Во јули 2021 во Атина беше потпишан договорот помеѓу македонската и грчката влада за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Македонија. Потоа следуваше и договор на ниво на националните оператори Номагас и Десфа кои гарантираат за изградбата на интерконекторот помеѓу двете држави.

Вкупната вредност на овој проект првично беше проценета на околу 100 милиони евра. Од овие средства инвестицијата на Македонија изнесува 54 милиони евра. Гасоводот предвидено е да биде во заедничка должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

На крајот на октомври минатата година, министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас рече дека е завршено маркет тестирањето за гасоводот со Македонија, кое се проценува дека ќе биде финализирано во 2025 година и станува збор за систем кој ќе биде 100 проценти подготвен за транспорт на водород

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Една од главните предности од изградбата на интерконекторот е подобрување на сигурноста во снабдувањето и ликвидноста на пазарот на гас во Македонија и снабдување со гас од Јужен коридор.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
Македонија

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е

23/02/2026
Македонија

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор, на барање на Обвинителството

24/02/2026

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот Артан Груби, кој вечерва беше спроведен во

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува мини пролет, со температура до

23/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Кон крајот на денот и во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy