Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Десет полицајци повредени при рација во затворот Идризово, повредени и 10-тина затвореници
Македонија

Десет полицајци повредени при рација во затворот Идризово, повредени и 10-тина затвореници

28/10/2023

AA

Полицијата соопшти дека претпладнево имало рација за претрес во затворот Идризово при што имало и физичка пресметка со поголема група затвореници објави Телма.

Биле повредени 10 полицајци. Затворот повикал и амбуланти од Итна помош бидејќи во пресметката имало и најмалку десет повредени осуденици.

При претресот се најдени над 80 парчиња ладно оружје, мобилни телефони и дрога. Кога полицијата почнала да го прави претресот во полуотвореното одделение на затворот Идризово, се собрала група од 60-тина затвореници кои се спротивставиле на акцијата при што настанал инцидентот.

Целосното соопштение на МВР:

Денеска (28.10.2023) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Со тврд предмет усмртил куче во неговиот кокошарник: Приведен 62-годишник

20/05/2026
Македонија

Европската комисија одобри 65,7 милиони евра за Македонија

20/05/2026
Македонија

Тошковски: Пожарникарите се херои што секогаш први реагираат

20/05/2026
Македонија

Мицкоски: Нема шпионска афера во кабинетот на Давкова

20/05/2026
Македонија

Брза помош интервенираше на судењето за трагедијата во „Пулс“ –

20/05/2026
Македонија

УХМР предупредува: Од петок доаѓа невреме

20/05/2026
Македонија

Шпионажа кај претседателката: Дали е загрозена безбедноста на државата?

20/05/2026
Македонија

Опозицијата бара отчет: За што ќе се користи новиот заем

20/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43369
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Со тврд предмет усмртил куче во неговиот кокошарник: Приведен 62-годишник од Старо Нагоричане!

20/05/2026

На 19.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо

Европската комисија одобри 65,7 милиони евра за Македонија

20/05/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека Европска комисија ставила на располагање 65,7 милиони евра за

Тошковски: Пожарникарите се херои што секогаш први реагираат

20/05/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на показната вежба на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во Автокоманда, која се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy