Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Десет активни пожари низ Македонија, најкритичен е пожарот во „Јасен“
Македонија

Десет активни пожари низ Македонија, најкритичен е пожарот во „Јасен“

17/08/2025

AA

Денеска низ земјава се регистрирани 10 пожари на отворен простор, а најкритичен е пожарот во ловиштето „Јасен“. Активен е и еден крак од пожарот во село Јажинце, општина Јегуновце, како и два пожари во Липково, во селата Лојане и Слупчане, каде интервенираат кумановските пожарникари. Еден пожар е активен и во Лозово, со интервенција на велешките пожарникари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Во текот на ноќта пожарот во „Јасен“ беше запрен пред да го загрози селото Брезница, благодарение на интервенцијата на припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), пожарникари од Македонски Брод и вработените во „Јасен“. Вториот крак на пожарот рано утрово беше делумно ставен под контрола со помош на армиските специјалци „Волци“ и „Ренџери“.

Најголем проблем останува третата насока кон езерото Козјак, каде со помош на армиските сили се очекува спречување на понатамошното ширење. Во Јажинце пожарот се движи кон селата Долно Орашје и Радуша, а наскоро ќе се вклучи и армиски хеликоптер.

Ангелов апелираше до граѓаните, земјоделците и сточарите да бидат внимателни и да избегнуваат било какви активности кои би можеле да предизвикаат нови пожари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy