Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска е чист понеделник
Македонија

Денеска е чист понеделник

03/03/2025

AA

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости.

На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

Ефтим Спространов забележал дека во Охрид, во втората половина на минатиот век, целата ова недела по Прочка се викала Чиста недела и секој ден одделно: Чист понеделник, Чист вторник итн.

Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црквата каде што земале светена вода наезмо, а потоа дома приредувале гозба, со посна храна, на која ги канеле роднините и пријателите. Овој строг пост трите дена по Прочка се вика Тримери, а самиот чин постење, односно гладување тримерење.
Во врска со овој празник се и карневалите што се одржуваат во Струмица и Прилеп.

Празнувањата во Струмица се во врска со тримерските празнувања, кога се изведуваат богати обичаи за свршените. Обичаите со варењето на посен (бел) грав, со синиите, пеењето на еротски песни и играње на орото „Црна кокошка“, посетата на Цареви Кули и сл. отсекогаш го привлекувале вниманието на намерниците и случајните минувачи.

Во карневалот, пак, што се одржува во овој град по повод овој празник очигледни се влијанија на големите светски карневали. Карневалот во Прилеп е впечатлив по автентичните маски од мечки кои ја продолжуваат вековната традиција на празнувањето на касапите од овој град.

Празникот Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани богати обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, а забавите, како што се оние околу огновите, гатањата за среќа, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СОМНЕВА ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНАЕЛЕ ЗА

18/10/2026
Македонија

ЖИТЕЛ НА ЈЕЛОВЈАНЕ ПРОВАЛИЛ ВО ТРИ ЏАМИИ ВО ТЕТОВО ЗА

18/10/2026
Македонија

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице

18/10/2026
Македонија

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА

18/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното

18/10/2026
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46231
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СОМНЕВА ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНАЕЛЕ ЗА БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА Бугарија не

18/10/2026

Бугарскиот амбасадор во Македонија Жељазко Радуков се сомнева дека македонските власти не знаеле дека Ива Михаилова ќе ја напушти Македонија.

ЖИТЕЛ НА ЈЕЛОВЈАНЕ ПРОВАЛИЛ ВО ТРИ ЏАМИИ ВО ТЕТОВО ЗА ДА КРАДЕ Полицијата го уапси

18/10/2026

Тетовската полиција го уапси 35-годишниот Д.С. (35) од селото Јеловјане, под сомнение за кражба во 3 џамии во Тетово. „На

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице место

18/10/2026

Маж од Гостивар синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа во селото Долна Бањица. „На 17.10.2026 година во 22:55 часот, во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy