Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ДЕНЕС НЕ НИ РАЗМИСЛУВАМ ДА ГО ПРОДАДАМ TIME.MK, ИНТЕРЕСНО МИ Е, САКАМ СО ТОА ДА СЕ ЗАНИМАВАМ“ – Игор Трајковски во Бизнис муабети на Фактор
Економија

„ДЕНЕС НЕ НИ РАЗМИСЛУВАМ ДА ГО ПРОДАДАМ TIME.MK, ИНТЕРЕСНО МИ Е, САКАМ СО ТОА ДА СЕ ЗАНИМАВАМ“ – Игор Трајковски во Бизнис муабети на Фактор

18/07/2024

AA

Игор Трајковски е основач и администратор на убедливо најпопуларниот агрегатор на вести на интернет просторот, Time.mk. Почетоци, развој на бизнисот, понуди за купување, зошто сака баш токму тоа да го работи.

Утре, почитувани читатели, ќе ви ги откриеме сите детали, во најновиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор, каде гостин е Трајковски. 

Засега ќе пренесеме само дел од разговорот. 

„Во однос на буџетот за рекламирање, ако земеме колку оди на онлајн, по сите можни канали, дали веб, социјални мрежи или слично, наспроти традиционалните, како што се телевизија, печат, радио, го надмина уште пред неколку години, дали 2016, 2014… Значи, буџетот за рекламирање оди повеќе онлајн отколку преку класичните медиуми“, открива Трајковски една интересна констатција околу оваа индустрија.

Своевремено, пред повеќе години, до него стигнале понуди да се купи Time.mk. 

„Искрено, јас тогаш не знаев како да ја проценам вредноста на Time.mk, па сурфав, барав, гледав, прашував по луѓе како да ја проценам вредноста, како се оценува колку вреди сајт…“, вели Трајковски, на што нашиот водител, Мишко Иванов, возвраќа со звборовите „ако сакаш да го продадеш, ќе кажеш цена, ако не сакаш да го продадеш, нема да кажеш“…

Трајјковски, пак, вели „Да, но тоа би било твоја личлна проценка, но добро е да има некоја методологија за проценка, да не е извлечено од ракав. Бидејќи, јас работам систематски, а не од стомак. Тогаш некои велеа, а не знам ни како дошле до тоа, две евра од monthly unique user. Тоа значи колку јузери ти доаѓаат на сајтот во еден месец, колку имаш такви јуник што доаѓаат, по две евра.

И колку излезе сумата?

И излезе, тогаш имавме 170 илјади, по две, тоа беше 340 илјади евра. 

Иванов реагира дека станува збор за навистина мала сума, и вели дека малку претерале со потценувањето, а Трајковски објаснува „И така понудивме и не сакаа, веројатно им беше скапо“.

На прашањето денеска на колку го цени поткастот, Трајковски вели: 

„Искрено, не сум, размислувал, супер ни оди. Се уште ми е интересно да се занимавам со оваа работа. Супер ни оди, се уште ми е интересно, се уште има простор за подобрување на алгоритмите…. Има многу интересни проблеми со кои сакам да се занимавам. Едноставно, не знам што би правел ако го продадам. Немам некоја друга којзнае каква идеја, па дека ова ми троши време …

Правев и една друга евалуација – таа беше осум пати од годишниот профит. На пример ако во една година правиш 100 илјади евра профит, вредноста на сајтот би била 800.000 евра.

Сега веќе овој агрегатор има еден милион прегледи дневно. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy