Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕН ЗА ИСТОРИЈА: Поглаварот на МПЦ и СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија
Македонија

ДЕН ЗА ИСТОРИЈА: Поглаварот на МПЦ и СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

05/06/2023

AA

Денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Ова следува по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ).

-Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид.  Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ)  на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

-На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.  За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури,  информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

-По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И

16/02/2026
Македонија

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една

16/02/2026
Македонија

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026
Македонија

„Не верувајте на шпекулации“ – Министерство за транспорт: Македонија води

16/02/2026
Македонија

Загина пешак на магистралниот пат Подмоље- Струга – го удрило

16/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60

16/02/2026
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
Македонија

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41517
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И ЈА ОГРАБИЛ Прилепчанка доживеала шок

16/02/2026

59-годишната С.Д. од Прилеп додека управувала со својот велосипед, едно лице ја турнало, а друго ја нападнало физички. Во нападот

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една недела

16/02/2026

Општина Центар продолжува со засилените контроли за воспоставување на комунален ред. Во текот на изминатата недела, комуналните инспектори и редари

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy