Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ГИ ОСУДИ ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНИТЕ ПРОТЕСТИ НА СТУДЕНТИТЕ Препорака од Венецијанската комисија е употреба на еден заеднички јазик во правосудството
Македонија

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ГИ ОСУДИ ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНИТЕ ПРОТЕСТИ НА СТУДЕНТИТЕ Препорака од Венецијанската комисија е употреба на еден заеднички јазик во правосудството

08/04/2026

AA

Демократски сојуз ги осудува, како што вели, политички мотивираните протести поради наводно ускратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница.

„Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше коруптивни процеси при полагањето и политичко влијание, посебно на студенти блиски до партиите од власта.

Демократски сојуз потсетува дека македонскиот јазик е државен – службен јазик во Македонија. Се разбира, албанскиот јазик е исто така во службена употреба и етничките Албанци ги уживаат сите права според Уставот за негово користење. ДС потсетува дека студентите, повеќето Албанци своите студии ги завршиле на мајчин албански јазик.

Но, во правосудството е од исклучителна важност, обвинителите, судиите и адвокатите, да го владеат македонскиот јазик кој е лингва франка, заеднички јазик на разбирање на сите етнички заедници во Македонија. Дополнително, меѓународната пракса и препораките од Венецијанската комисија одат во прилог на употреба на еден заеднички јазик во правосудството и тоа на никаков начин не ги нарушува правата на другите етнички заедници.

Демократски сојуз ја охрабрува Владата да не подлегнува на политички притисоци и да истрае во пронаоѓањето решение за полагање правосуден испит кое ќе биде уставно, а нема да ги нарушува правата на етничките заедници, но исто така со иста тежина на испитот како и за другите студенти“, се наведува во реакцијата на Демократскиот сојуз.

ДС истовремено потсетува дека на сите етнички заедници, вклучително и на Албанците, им е загарантирана одбраната на мајчин јазик во процесите пред судовите во Македонија.

„Јазикот е средство за разбирање, а никако за конфронтација. Без разлика на сѐ, во државната и локалната администрација мора да се знае македонскиот јазик, не нарушувајќи го правото на помалите етнички заедници да го негуваат и користат и својот мајчин јазик“, се додава во реакцијата на Демократски сојуз.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна

08/04/2026
Македонија

Зголемено производството на кравјо и овчо млеко, пад кај козјото

08/04/2026
Македонија

Велигденски ручек по европски цени: Колку ќе нè чини празничната

08/04/2026
Македонија

И СТОЈАНЧЕ ЈА ПРИЈАВИЛ ИВАНА ДЕКА ГО ТЕПА Презентирани аудио

08/04/2026
Македонија

Вработените во „Комуналец“ Гостивар по 13 години добиваат здравствено осигурување

08/04/2026
Македонија

Аудиоснимка од 112: Ивана пријавила дека дома и се чува

08/04/2026
Македонија

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР ПО 13 ГОДИНИ ДОБИЈА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

08/04/2026
Македонија

Конечно: Универзална почнува да се гради!

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42246
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства

08/04/2026

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата – дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“

Зголемено производството на кравјо и овчо млеко, пад кај козјото

08/04/2026

Производството на млеко и јајца во земјава бележи пораст во 2025 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика,

Велигденски ручек по европски цени: Колку ќе нè чини празничната трпеза годинава?

08/04/2026

Како што се приближуваме до најголемиот христијански празник Велигден, главната тема во македонските семејства станува математиката: како да се подготви

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy