Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демократски сојуз: Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола не се загрозува воздушниот сообракај е театар на апсурдот
Македонија

Демократски сојуз: Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола не се загрозува воздушниот сообракај е театар на апсурдот

08/01/2024

AA

Демократскиот сојуз најостро ги осудува обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во Контролната кула за летање на Аеродромот во Петровец.

„Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола на летање не се загрозува воздушниот сообракај е театар на апсурдот, бидејќи аргументиран и издржан став презентираа и експертите. Но, не треба да бидеш експерт за да знаеш дека со неовластен упад и насилство спрема контролорите за летање директно е загрозен авиосообраќајот. Само среќата спасила можна катастрофа.

Сакаме посебно да укажеме на причините за „бегството“ на еден од тепаните, кој бил под силен притисок и закани да не дава изјава пред Јавниот обвинител.

Да потсетиме на идентичен случај во 2010 година, кога Беким Незири претепал контролор на летање, потоа го избркале и него и неговата сопруга од работа, по што тој избегал во една од скандинавските земји.

Затоа Владата мораше да ги разреши директорите на М-НАВ, Беким Незири да биде суспендиран од работното место во М-НАВ, а Судот на сите осуммина да им определи притвор.

Но ништо од тоа, на дело се партиските влијанија, партиските раководства во МВР, ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДОТ, кои на смислен начин го опструираат целиот криминален настан.

Партиската блокада на институциите води кон анархија, криминал и дестабилизација на државата.

Одговорност мора да има за сите кои ги кршат законите, или сега или после изборите по промената на власта“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦЕЛ ВИКЕНД ДОЖД, ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Од понеделник

21/11/2025
Македонија

ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА Сообраќајна несреќа во Битолско,

21/11/2025
Македонија

ФОТО Падна столб од улично осветлување во Битола

21/11/2025
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, има

21/11/2025
Македонија

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО

21/11/2025
Македонија

Мислел ќе сокрие: Бизнисмен од Скопје тајно го продал имотот

21/11/2025
Македонија

Алиу: Вработувањата во здравство од сега според реалните потреби, а

21/11/2025
Македонија

Поплавен е теренот: Одложен натпреварот Пелистер – Шкупи!

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37934
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦЕЛ ВИКЕНД ДОЖД, ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Од понеделник суво, ама постудено

21/11/2025

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи, која издаде портокалов

ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА Сообраќајна несреќа во Битолско, кај крстосницата кон Бистрица

21/11/2025

Прекинат е сообраќајот кон граничниот премин Меџитлија, поради сообраќајна несреќа, информира Авт омото сојузот на Македонија. „Во 20 часот на

ФОТО Падна столб од улично осветлување во Битола

21/11/2025

​Падна столб од уличното осветлување во битолската населба „Недопирливи“, на патот што води кон студентскиот дом, јавува Тера телевизија. Столбот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy