Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Делови од Скопје без вода и со намален притисок: Апел за рационално користење на водата
Македонија

Делови од Скопје без вода и со намален притисок: Апел за рационално користење на водата

21/07/2025

AA

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ ја извести јавноста дека и денес, 21 јули 2025 година, продолжува енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода, што повторно доведува до нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем во градот.

Поради преоптовареноста, системот функционира со намален притисок и повремени прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје.

Од претпријатието потсетуваат дека градот се снабдува со вода од природни извори кои располагаат со ограничени количини питка вода, и апелираат до сите граѓани за рационално и совесно користење на водата. Посебно се повикува на воздржаност од користење вода за полевање градини и ниви, миење автомобили, полнење базени и слични намени што не се од витално значење.

Истовремено, апел се упатува и до органите на локалната самоуправа и месните заедници да преземат активности за подигање на јавната свест кај граѓаните и да придонесат кон намалување на непотребната потрошувачка.

„Водовод и канализација – Скопје“ ги повикува граѓаните кои ќе забележат див приклучок да го пријават на телефонскиот број 02 3073 010, преку електронска пошта на [email protected] или на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.

Од претпријатието посочуваат дека дивите приклучоци предизвикуваат директна штета на водоснабдителниот систем и влијаат негативно врз квалитетот на услугата за сите корисници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy