ДЕКАТЛОН ГО ПРОДАВА БИЗНИСОТ ВО РУСИЈА: Францускиот гигант има имот вреден 200 милиони евра
Францускиот гигант за спортска опрема Decathlon моментално
бара купувачи за својот имот во
Русија, објави денеска деловниот дневен весник RBK, повикувајќи се на
неименувани извори поврзани со големите трговски ланци и консултантски компании
во земјата.
Декатлон, кој е во сопственост на францускиот малопродажен
гигант Association Familiale Mulliez, ги прекина испораките на рускиот пазар на
крајот на март, откако ЕУ воведе санкции кон Москва поради војната во Украина. На крајот на јуни беа затворени сите продажни
места низ државата, вклучително и онлајн продавницата.
Матичната компанија на Decathlon е редок пример на голема западна компанија
која одлучи да продолжи со своите активности во Русија откако Москва ја почна војната во Украина.
Нивниот
синџир супермаркети Auchan, за кој се вели дека има 41.000 вработени и 311
продавници во Русија, сè уште работи и покрај санкциите и критиките кои доаѓаат
од Запад, пишува RT. Се наведува
компанијата сака да го продаде целиот свој бизнис во Русија, а извори за медиумите велат
дека францускиот трговец на мало е подготвен да ги продаде своите комерцијални имоти, кои вклучуваат 20 згради,
одделно.
Компанијата поседува и канцеларии и магацини, а покрај некои
хипермаркети има и слободни места. Бизнисот
на Decathlon во Русија би можел да вреди до 15 милијарди рубљи или 200 милиони
евра, пишува понатаму RBK.
ФОТО: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV