Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дебата во Комисијата за европски прашања за измените на Законот за работни односи, дел од пакетот закони за коридорите
Македонија

Дебата во Комисијата за европски прашања за измените на Законот за работни односи, дел од пакетот закони за коридорите

11/05/2023

AA

Собраниската Комисија за европски прашања денеска расправа за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, која стартуваше со претрес по амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за работни односи.

Со првиот од вкупно трите амандмани опозицијата побара бришење на членот 1 од законот, бидејќи според нив е неуставен.

-Ова што се случува не е усогласено со ниту една регулатива, со ниту една директива, рече пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, со вакви предлог законски решенија се штитат само нечии бизнис интереси. – Штитете го бизнис интересот, но, немојте тоа да го правите на грбот на работникот, рече тој.

Даниела Колева од СДСМ, пак, посочи дека со писмена согласност, работниците ќе може да работат прекувремено.

– Ги носиме овие закони поради тоа што имаме деструктивна опозиција која досега не поддржала ниту еден проект, рече таа.

Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, пак, истакна дека сите синдикати, без исклучок, се против носењето на овој закон.

– Ова што се случува е деградирање и приватизација на цела една држава, рече тој.

Неговата сопартијка Гордана Силјановска Давкова, критикувајќи го ставањето европско знаменце на законите реле дека „ова не е знаме на ЕУ, ова е гусарско или пиратско знаме бидејќи значи упад во правото“.

Таа посочи дека измените се неуставни и истите ќе ги повредат основните социо-економски човекови права.

– Овие права се директно врзани и за социјалниот статус. Значи токму заради остварувањето на социо-економски права, граѓаните имаат право да формираат синдикати, нив тука не ги гледам, рече таа.

За збор се пријавија сите пратеници од опозицијата кои зборуваа за, според нив, неуставноста на овие закони.

Пратениците од СДСМ, пак, побараа разбирање и прифаќање на измените, бидејќи, според нив, тие се од огромно значење за државата.

Со измените што ги предлага Владата се дефинира дека заради континуитет во работата на овој проект прекувремена работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно.

Како што образложи претходно министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, прекувремената работа не значи 60 часа неделно, таа ќе зависи од временските услови на терен и од активностите на процесите на трасите, а секој прекувремен час ќе биде исплатен 35 проценти согласно Законот и Колективниот договор и со изјава за согласност од работникот.

Работата над 40 часа неделно ќе се смета и плаќа како прекувремена работа со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор. Тоа значи дека работникот ќе има право на одмор од најмалку 12 часа во непрекинато меѓу два последователни денови во текот на 24 часа. Исто така, работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато плус 12 часа дневен одмор. Дополнително, поради природата на работите и задачите што се вршат во работоте од национален интерес се јави потреба да можат да се спроведува и во недела. Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на плата на работници на проекти од национален и стратешки интерес, рече Хусејин.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за градење, на Законот за експропријација, на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) како и Предлог на закон за академија за судии и јавни обвинители, сите по скратена постапка.

Дебатата во Комисијата за европски прашања ќе продолжи во 16 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41838
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ НИВ Тој е симбол

24/02/2026

Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е приведен утрово на граничниот премин, тука

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби

24/02/2026

Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy