
Давкова разговараше со Вучиќ: Му се заблагодари за помошта при пожарите и се договорија заедно да го чествуваат Илинден!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова. Тој посочи дека тие телефонски разговарале за најважните прашања од нашите билатерални, а особено економските односи, како и за местото на Србија и Македонија на агендата на проширувањето на Европската унија и взаемната поддршка на патот на ЕУ. […]