Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давкова: Копенхагенските критериуми се тие кои ќе не направат, стандардна европска, досадна држава, а ветото не е пријателски инструмент
Македонија

Давкова: Копенхагенските критериуми се тие кои ќе не направат, стандардна европска, досадна држава, а ветото не е пријателски инструмент

07/05/2025

AA

На заедничката прес-конференција во Вила Водно со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека Копенхагенските критериуми се тие кои ќе не направат, стандардна европска, досадна држава, а ветото не е пријателски инструмент, очекувам разбирање, а се разбира ние во меѓувреме мора да ја тераме државната агенда, економски, културно да се развиваме.

Претседателката оценувајќи ги како традиционално пријателски односите со Хрватска, за кои кажа дека во сите сфери одат напред, истакна дека никогаш нема да биде заборавено дека во 2020 година за време на хрватското претседателство во ЕУ го направивме чекорот заедно со Албанија.

-Тоа е знак на разбирање, знак на поддршка. Хрватска и покрај тоа што е членка на ЕУ има разбирање за регионалните потреби, има разбирање за Западен Балкан. Многу пати претседателот повторува дека сме географски, културно, историски дел од Европа. Во однос на нашето чекање за ЕУ повторувам дека верувам оти Копенхангенските критериуми се тие што ќе направат стандардна европска досадна држава, дека ветото не е пријателски инструмент, дека очекувам разбирање. Се разбира ние мора да ја тераме државната агенда, бидејќи легитиметот извира од граѓаните, мислам економски, културно, научно да се развиваме, нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска додаде дека земјава е многу напред во однос на хармонизирањето со акито и напомена дека нашите проблеми имаат поинаква природа.

-Нашите проблеми се од друга природа, нашите проблеми се врзани, што е многу чудно за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот, нешта за кои не се разговара и преговара. Мислам дека ветото и натаму ќе предизвика проблеми, нема да останеме осамен случај и дека на некој начин треба она што е во рамки на Копенхагеншките критеиуми да си го бараме местото, нагласи таа и додаде дека во целиот тој контекст мошне важни се и добрососедските односи. 

Милановиќ, кој како што напомена е во прва официјална посета на земјава по стапувањето на функцијата на претседателката Сиљановска Давкова, нагласи дека не е тука за, како што рече, да дели совети, но нагласи дека државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ.

-Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас…вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување, кога станува збор за членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy