Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давкова денеска до Собранието треба да го достави предлогот за нов гувернер на Народна банка
Македонија

Давкова денеска до Собранието треба да го достави предлогот за нов гувернер на Народна банка

19/05/2025

AA

До крајот на денешниот ден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова треба да го достави предлогот за нов гувернер на Народната банка на Република Македонија до Собранието. Како што е најавено, пратениците утре ќе одлучуваат на пленарна седница за новиот прв човек на централната банка.

Мандатот на досегашната гувернерка, Анита Ангеловска-Бежоска, истекува на 21 мај, откако беше назначена на функцијата во мај 2018 година. Таа е петтата личност што ја извршувала оваа должност, по Димитар Богов, Петар Гошев, Љубе Трпески и Борко Станоевски.

Претседателката Сиљановска-Давкова минатата недела изјави дека се разгледуваат неколку имиња:

Премиерот Христијан Мицкоски претходно истакна дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ очекуваат избор на „вонсериски искусен кандидат“ кој ќе го гарантира одржувањето на макроекономската стабилност. Како клучен услов за поддршка на кандидатурата, тој го посочи цврстото залагање за фиксниот курс на денарот.

Мицкоски додаде дека комуникацијата со претседателката на оваа тема е во тек и дека изборот ќе се одвива во предвидениот рок:

Гувернерот на Народната банка има клучна улога во спроведувањето на монетарната политика, надзорот на банкарскиот систем и обезбедувањето финансиска стабилност. Според член 48 од Законот за Народна банка, гувернерот:

-Ја претставува институцијата и е одговорен за спроведување на одлуките на Советот,

-Контролира управување и работење на банката,

-Може да склучува договори, набавува стоки и услуги во име на Народната банка,

-Формира работни и советодавни тела и може да делегира овластувања.

Гувернерот редовно го известува Советот за состојбата во финансискиот систем и на девизниот пазар, вклучувајќи ризици со потенцијално значајно влијание.

Очекувања

Иако имињата на кандидатите сè уште не се обелоденети, јавноста и пазарите очекуваат стабилност и професионален континуитет. Изборот на нов гувернер се случува во момент кога монетарната политика игра клучна улога во справувањето со глобалните економски предизвици и одржувањето на довербата во домашната валута и банкарскиот систем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy