Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ
Македонија

Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

27/02/2026

AA

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател во земјава, денеска во Скопје се одржа заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот албански колега Бајрам Бегај, на која беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката определба за европска иднина.

Сиљановска-Давкова истакна дека посетата претставува уште една потврда за традиционално пријателските односи меѓу двете земји, нагласувајќи дека тие се темелат врз меѓусебна почит, доверба и партнерство. Таа посочи дека политичкиот дијалог се одвива во дух на отвореност и разбирање и дека меѓу двете држави нема отворени прашања, што, според неа, создава силна основа за продлабочување на соработката во сите области.

Иако функциите на претседателите се претежно церемонијални, Сиљановска-Давкова потенцираше дека како претставници на граѓаните имаат одговорност да го следат прогресот на државите, вклучително и економската соработка. Таа оцени дека постои простор за зголемување на трговската размена и инвестициите, како и за подобрување на инфраструктурната поврзаност и олеснување на прекуграничните процедури. Како позитивен пример ја наведе соработката меѓу царинските управи на двете земји, кои нашле решение за непречен транспорт поради блокадата на граничниот премин Ќафасан, со пренасочување преку Блато.

Европската интеграција беше една од клучните теми на разговорите. Претседателката нагласи дека двете земји се цврсто определени за членство во Европската Унија и дека реформите, владеењето на правото и борбата против корупцијата се суштински за напредокот. Таа предупреди дека билатерализацијата на евроинтегративниот процес и отворањето идентитетски и историски прашања може да го усложнат пристапувањето на земјите од Западен Балкан, оценувајќи дека членството во ЕУ е најголемата инвестиција во стабилноста на регионот.

Во контекст на безбедносните предизвици, беше истакната и одличната соработка во рамки на НАТО. Сиљановска-Давкова подвлече дека партнерството во Алијансата е од особена важност во време на глобална неизвесност и дека двете држави ќе продолжат да придонесуваат кон зачувување на мирот и стабилноста.

Посебен акцент беше ставен и на соработката во образованието и науката, со оглед дека дел од делегацијата бил и ректор на албански универзитет. Според претседателката, поврзувањето на академските и културните институции ќе придонесе за подлабоко меѓусебно разбирање и зацврстување на пријателството меѓу двата народа.

На крајот, Сиљановска-Давкова му се заблагодари на Бегај за посетата, оценувајќи дека средбата претставува поттик за уште поинтензивна билатерална соработка и дополнително продлабочување на заемната поддршка меѓу двете држави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

18-годишник од тетовско приведен за лажни дојави за бомби во

27/02/2026
Македонија

РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА КУПУВАЊЕ НА 150 НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Скопје

27/02/2026
Македонија

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година

27/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во село Волково

27/02/2026
Македонија

Заталкан куршум оштетил балкон во Долно Лисиче

27/02/2026
Македонија

Кривична пријава за затајување: Вработен во казино присвоил над 330

27/02/2026
Македонија

🎥 ЗА УШТЕ 5 УБИСТВА СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ СЕ ДЕЛО

27/02/2026
Македонија

Еко-свест: Рис, лисица и мечка бараат станови низ Скопје

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

18-годишник од тетовско приведен за лажни дојави за бомби во училишта

27/02/2026

На 27.02.2026 во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при

РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА КУПУВАЊЕ НА 150 НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Скопје ќе добие најголем дел од

27/02/2026

Министерството за транспорт денеска објави јавен повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полнилници, со што државата прави

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со

27/02/2026

Во 2025 година, глобалниот пазар на деривати беше обликуван од геополитичка несигурност и еволуирачки енергетски политики, што резултираше со повремена

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy