
Данска ја збриша Унгарија и обезбеди полуфинале на СП
Од почеток до крај, Данците водеа и само постепено ја градеа предноста, па Унгарија само во воведните десет минути можеше да се понадева дека може да ѝ се спротивстави на моќната Данска, сѐ до 6-4, а потоа скандинавците само ја зголемуваа разликата прво до четири предност до 20-та минута, а потоа и до најголеми дотогаш плус девет на полувреме (21-12) со серијата 7-2.
Во вториот дел предноста стана двоцифрена, победникот не беше доведен во прашање, па Данците до крај само ја наполнија мрежата на Унгарците и стигнаа меѓу најдобрите четири, каде го чекаат победникот од пресметката Норвешка – Шпанија, на која се играат продолженија после ремито со гол пред самиот крај за израмнување на Алекс Душебаев за 25-25.
Годсел даде девет гола, Питлик седум, а Киркелоке шест. Кај Унгарија, Бодо даде шест, а Лекај пет гола.