
ДАЛМАЦИЈА ГОРИ, ОГНЕНАТА СТИХИЈА ЈА ГАСНАТ И СО КАНАДЕРИ: Пожарникарите се борат да ги спасат куќите
Голем пожар
денеска околу пладне избувнал во Далмација во шибеничко-книнската жупанија. Силниот
ветер го отежнува гаснењето, и покрај тоа што на терен се распоредени 56
пожарникари со 20 возила, а според информациите од Жупанискиот центар 112, во
гаснењето на пожарот се вклучени и три канадери.
Според
командантот на Јавната противпожарна бригада на Шибеник, Волимир Милошевиќ,
пожарот ни приближно не е ставен под контрола или локализиран.
-Имаме објекти
кои се во непосредна опасност, и таму се распоредени пожарникари. Струјата е
исклучена. Полицијата на терен го регулира сообраќајот на дел од Јадранската
магистрала и сите пристапни патишта се затворени“, изјави Милошевиќ за Хина.
Тој нагласи дека
е побарана и помош од воздухопловните сили, а како што истакна, се бранат и
куќите во Горњи Бановци.
– Пожарот се шири
доста брзо, носен од силен ветер од јужен правец – изјави за Далмација Данас
жупанскиот началник на противпожарната служба Дарко Дукиќ.
– Горат шума и
ниски грмушки, но ова е веќе изгорена површина, па шумата не е густа – велат
очевидци од теренот.