Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали сведоците на обвинителството во случајот против Жан Митрев се премислуваат?
Македонија

Дали сведоците на обвинителството во случајот против Жан Митрев се премислуваат?

04/11/2023

AA

Неосновани обвиненија, недоволно доказни материјали, селективен однос од страна на обвинителството, тортура и закана од насилие кон д-р Жан Митрев наместо владеење на правото е генералната слика која владее во јавноста по обвинителниот предмет кој се води против Клиника Жан Митрев и кардиохирургот и сопственик на клиниката, д-р Жан Митрев.

Последното, рочиште кое беше закажано за вчера и за што беа навремено известени сведоците, повторно се откажа, дали поради несериозност на обвинителството но и на тужителите, во случајов сведоци во судскиот процес против Клиника Жан Митрев. Покрај тоа, одбраната во континуитет се соочува со тортура, напади на социјалните медиуми, монтирани фотографии во кои се прикажува д-р Митрев изрешетан од повеќе куршуми и текст под морбидната фотографија дека е убиен познатиот македонски лекар.

Но, во целата оваа инструирана хајка, според последните случувања има и друга жртва покрај д-р Митрев. Досега се покажа дека жртва се и сведоците и според она како се менуваат нивните изјави од почетокот до денес, се добива впечаток дека можеби и самите биле цел на притисоци и манипулации.

Еден од сведоците во изјава пред Судот рече дека се приклучил со тужба кон овој предмет по претходно укажување од обвинителството. Мелита Брезева, пак, врз чијашто изјава се темели целата сторија и обвинението за Клиника Жан Митрев рече дека самиот пациент, нејзиниот сопруг Никола барал да му биде направена хемофилтрација, барање кое било одбиено од конзорциумот на клиниката. Дали пациентите по своја лична волја ги давале изјавите во обвинителството, без каков било притисок за истото или пак биле свесно наведени на тоа. На последното рочиште еден од сведоците не се појави, со изговор дека не бил известен а другите не можеше да сведочи затоа што не можеше да се потврди идентитетот со лична карта.
Дополнително, дали сведоците се согласуваат и го одобруваат јавниот линч и монтираните фотографии кои кружат по социјалните медиуми, со кои се пренесува пораката дека всушност врвниот кардиохирург д-р Митрев ќе заврши така.

Клиника Жан Митрев неколку пати јавно се обрати како до домашните институции, Советот на етика, но и до меѓународната заедница каде јасно упати апели дека откако е отворен обвинителниот акт против клиниката и доктор Митрев, со месеци се соочуваат со напади, јавни линчови и притисоци како за продажба на клиниката, така и во обид да се изманипулира јавноста во оваа монтирана приказна за наводна измама, во време кога јавното здравство покажа слабости да се справи со Ковид пандемијата, а Клиника Жан Митрев ги стави на располагање сите свои ресурси и медицински персонал и спаси стотици животи на наши сограѓани.

Со тортурата и заканите со насилство кон д-р Жан Митрев и селективниот однос на институциите се попречуваат основните права на докторот, а започнуваат од енормно високата гаранција од 1.000.000 ЕУР за негово присуство на судењето, а продолжува на други забрани и ограничувања. Судот во континуитет ги одбива барањата за привремено враќање на патната исправа. Со ова свесно се оневозможува правото на приватен живот, правото на вршење професионална дејност и претставување на Македонија и врвните достигнува на кардиохирургот пред врвните кардиохирурзи од светски ранг, но пред се, се ускратува и оневозможува правото на лекување од тешка повреда како едно основните човекови права.

Одбраната на доктор Митрев и после последната монтирана закана, повторно поднесе барање до Судот да постапуваат професионално и да сторат се за да владее правото, да се почитува правото на пресумпција на невиност и како институција да поведат постапки против заканите од насилие кон д-р Жан Митрев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy