Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали летувањето во Далмација е скапо и за Хрватите?
Економија

Дали летувањето во Далмација е скапо и за Хрватите?

30/06/2023

AA

Деновиве
хрватскиот медиум Слободна Далмација објави фискални сметки со високи цени на
пијалоци и храна во хрватските туристички места, при што беше наведено дека за
хрватските граѓани е скапо да одмораат во домашните летувалишта.

Слични ситуации
имаше и претходните години кога медиуми и граѓани споделуваа информации колку
чини кафе или ручек во познатите туристички центри. Ги прашавме хрватските
туристички агенции, дали навистина Хрватска е скапа за одмор за самите Хрвати
и каде одат на одмор. Од Континено, туристичка агенција од Истра објаснуваат
дека Хрватска не е поскапа од Италија, Австрија, Шпанија и Германија.

„Сите тие
дестинации се доста поскапи од Хрватска, но се создава пропаганда, за да им се
помогне на Италија и Шпанија кои немаа туризам во времето на короната, а
Хрватска имаше туристи и во времето на пандемијата. Освен што се прави
медиумска хајка за цените, наеднаш им пречат и комарците во Славонија итн.
Најголем проблем е што Хрватска долго време беше евтина и сега сите очекуваат
дека таа треба да остане евтина. Со години имаше вложувања во инфраструктурата,
хотелите, куќите за одмор, нормално дека цените нема да бидат како пред 10
години, затоа што сега и квалитетот е подобар. Скоро и да нема хотели со 3
ѕвезди, а апартманите се со 4 ѕвезди. Работната сила поскапе. Ако работен час
на една чистачка е 20-30 евра, или на готовачот ако му плаќаат по 40-50 евра по
час, тогаш нормално дека сместувањето ќе биде поскапо и сметките поскапеа, тоа
се случува секаде во Европа. Сигурна сум дека и кај вас во Македонија сè е поскапено од пандемијата, затоа што ни
праќаат нови ценовници, поскапо сместување, вечери, туристички услуги. Хрватска
е скапа за нас граѓаните затоа што нашите примања не се во рангот на другите
европски земји, но од она што гледам, луѓето попрво летуваат во Хрватска отколку во ЕУ.
Непотребно се прави фама околу сезоната. Има инфлација, криза, Германија
прогласи рецесија, се штеди“, велат од оваа агенција.

Граѓаните велат
дека за некого е скапо, за некого не, но многу зависи и од тоа каде луѓето ќе
бидат сместени, каков тип на аранжман бараат, кои угостителски објекти ќе ги
посетуваат.

„За оние кои
работат за минималец или за ниска плата, за жал одмор на Јадранот е недостижен
сон. Но, оние кои имаат повисоки плати, одат на одмор во Шпанија, Португалија,
Италија, Грција, а некои и во Дубаи. Имам неколку познаници кои на одмор одат
надвор од Хрватска. Тоа си зависи од примањата. Некој може да си дозволи да оди
на Хвар, некој во Египет, зависно од платите. Но, она што е сигурно е дека со
минималец не може да си дозволи ништо. Зборувам од свое искуство, затоа што
порано работев за минималец, и ми стигаше само за покривање на основните трошоци и
сметките, друго ништо. Додека работев за минималец, имав пари само за автобуски
превоз за да одам на плажа на Јадранот и бев пресреќна“, вели Хрватка која
живее во Далмација.

Цените во угостителските објекти низ Далмација ги надминаа
сите мерки за домашните гости, но и за странците, пишува Слободна
Далмација
. Читател им испратил сметка која покажува дека за две кафиња
платил 14 евра. Медиумите
претходно објавија дека сметката за два кроасани и чај изнесува 15,68 евра на
Корчула. 
Топка сладолед во Сплит чини и до 3.5 евра, а се доплатува и за корнет.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ГИНЕКОЛОГОТ АСАНИ КОЈ Ѝ ИЗВАДИ ЗДРАВИ

21/11/2025
Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Меџитлија

21/11/2025
Македонија

ЦЕЛ ВИКЕНД ДОЖД, ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Од понеделник

21/11/2025
Македонија

ЗАТВОРЕН ПАТОТ КОН ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА Сообраќајна несреќа во Битолско,

21/11/2025
Македонија

ФОТО Падна столб од улично осветлување во Битола

21/11/2025
Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, има

21/11/2025
Македонија

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО

21/11/2025
Македонија

Мислел ќе сокрие: Бизнисмен од Скопје тајно го продал имотот

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37936
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ГИНЕКОЛОГОТ АСАНИ КОЈ Ѝ ИЗВАДИ ЗДРАВИ ОРГАНИ НА ВЕАПОВСКА ПО ПОРОДУВАЊЕТО

21/11/2025

Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, му пресуди Основниот суд Струга

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Меџитлија

21/11/2025

Сообраќајотна крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран во 21:50

ЦЕЛ ВИКЕНД ДОЖД, ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Од понеделник суво, ама постудено

21/11/2025

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи, која издаде портокалов

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy