
ДА ЗАПРЕ СУДЕЊЕТО НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ КОИ НЕ БИЛЕ НА ФУНКЦИЈА Дел од бранителите бараат Обвинителството да го ревидира обвинението

Јавното обвинителство да го ревидира обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и да ја запре постапката за дел од обвинетите кои не биле на функција, бара одбраната на дел од обвинетите од стручниот коелгиум на ЈО и од в.д шефицата на републичкото обвинителство, Анита Тополова Исајловска, објави ТВ24.
Одбраната се повикува на последната одлука на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, кое ја раздвои постапката за осомничените полицајци, па за дел до полициските службеници поднесе обвинение како соизвршители за тешки дела против општата сигурност, а за дел за злоупотреба на зложбената должнсот и давање лажни информации.
„Ова барање-иницијатива се доставува за постапување на стручниот колегиум, согласно на член 19 од Законот за Јавното обвинителство за единствена примена на законите, со што ќе се ревидира поднесениот обвинителен акт од 13.6.20205 година, но и за повлекување на обвинението во однос на обвинети лица кои немале директни дејствија или овластување во време на настанатиот пожар, како тоа неспорно се чини со поднесениот обвинителен акт од ОЈО ГОКК за кривичнто дело Тешки дела против безбедноста, во однос на лица со директни овастувања при настанувањето на самиот пожар како службени или одговорни лица“, се вели во иницијативата на дел од бранителите на обвинетите во предметот „Кочани“.
Во документот одбрана потенцира дека обвиниетите за кои бара повлекување на обвинението не се службени лица, нивните функцкии завршеле пред 7 месеци, 2 години и 12 години во институциите, како и дека немале овалстување со кои можеле да се доведат во релација со пожарот. Одбраната децидно се повикува на трите обвиненија од ОЈО ГОКК за полициските службеници, особено за оние кои се гонат за Тешки дела против општата сигурност.
„Поднесениот обвинителен акт од ОЈО ГОКК за ова кривично дело за полициските службеници се однесува само на лица кои имале непосредни службени обврски во периодот од 14.3 до 16.3 2025 година“, се вели во иницијативата.
ТВ 24 побарала став од ЈО за иницијативата и им одговориле дека нема да коментираат таков документ додека не го добијат, како и дека за него нема одлука дали воопшто ќе биде разгледан на стручен колегиум.
Во предметот за пожарот во кој загинаа 63 луѓе, а над 220 беа повредени им се суди на 35 физички и на 3 правни лица.
.
