Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Д-р Пановски“ ќе се жалат за правно вознемирување: Целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови
Македонија

„Д-р Пановски“ ќе се жалат за правно вознемирување: Целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови

12/06/2025

AA

По соопштението на Комисијата за заштита на конкуренцијата во кое се вели дека имало картелско здружување, попладнево се огласија од фармацевтската куќа Д-р Пановски.

Од таму велат дека АД „Д-р Пановски“ досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции.

„Споменатата јавна набавка, во изминатите 8 години, веќе беше предмет на интерес на надлежните државни институции.  Во интерес на објективно информирање на јавноста, сметаме дека е неопходно да потенцираме дека  Управниот суд во две претходни постапки, два пати правосилно утврди дека АД „Д-р Пановски“- Скопје нема сторено никаков прекршок и со тоа ги отфрли наводите дека наводно била нарушена деловната конкуренција за посочената јавна набавка. Оттука, крајно сме изненадени и зачудени како е возможно за ист предмет, ист суд, да одлучи поинаку во трета постапка. 

 Земајќи предвид дека АД „Д-р Пановски“ е компанија со странски капитал и претставник на реномирани светски фармацевтски компании во Северна Македонија, застапува лекови за најтешко болните пациенти кои се лекуваат во јавното здравство, и имаме обврска да го заштитиме нашиот корпоративен углед.

 Целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови, бидејќи тие се регулирани исклучиво од Министерството за здравство. Тоа значи дека за споменатата јавна набавка АД „Д-р Пановски“ понудил цени во висина која предходно ја определиле ресорните надлежни институции.

Согласно горе наведеното, нашиот правен тим се подготвува да ги искористи сите вонредни правни лекови пред домашните судови, но и да се обратиме пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за правно вознемирување. Во меѓувреме ќе се обратиме и до претставниците на меѓународниот фактор во земјава,  кои ќе ги информираме за оваа нарушена правна сигурност и загрозено владеење на правото, што практично ги отежнува околностите за нашето деловно функционирање, а со цел да се заштитат правата, интегритетот и деловната репутација на компанијата.

Ја охрабруваме извршната и законодавната власт да ги превземат сите неопходни дејствија за вистински реформи во правосудниот систем. Крајно време е да се стави точка на самовластието во правосудството, кое се рефлектира и врз приватните компании кој веќе 30 години редовно го полнат буџетот на Северна Македонија“, велат од таму.   

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy