
Д-р Фуштиќ вели дека Игор Пехчевски е стабилен, а утре ќе биде пуштен дома
Проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. Медицински директор денеска преку соопштение до медиумите реагира за зачестените јавувања во медиумите и социјалните мрежи на пациентот со цистична фиброза И.П., како и изјавите дека е во критична состојба.
Таа вели дека како одговорен доктор за неговото здравје додека е хоспитализиран на Универзитетската клиника за детски болести, И.П. е во стабилна состојба, со умерено засегната белодробна функција (FEV1=70% од предвидениот) и е предвиден за испишување од клиниката утре (15.04.2023).
„Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен. Модулаторната терапија (Kaftrio во комбинација со Kalydeco) ќе започне да ја прима кога ќе биде достапна и за пациентите со умерена белодробна болест. Во првата фаза започнавме со терапија кај пациентите со потешка белодробна болест (FEV1 околу 40% од предвидениот).“, додава Фуштиќ.
