Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Спасена туристка од Австрија повредена при слободно скијање кај месноста „Орлов Камен“ на Попова Шапка
Македонија

ЦУК: Спасена туристка од Австрија повредена при слободно скијање кај месноста „Орлов Камен“ на Попова Шапка

02/03/2024

AA

На Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК во 14:20 часот волонтер од Охридска спасителна служба, којшто е и водич на туристичка група – скијачи од странство, пријави дека туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста „Орлов камен“ на Попова Шапка се здобила со повреда на ребрата. Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница, при што директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше во директна комуникација со спасителите.

При комуникацијата на спасителите со повредената австијка, таа информирала дека претходно имала операција на рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови.
На местото на настанот има пристигнато ратрак и луѓе за поддршка, но состојбата на повредената и комуникацијата со нејзе, индицирала дека транспортот со ратрак заради проблемот со ’рбетот од минатото, како и сегашната дополнителна повреда, би довел до поголеми компликации.
Заради специфичноста на итниот случај за повредената бил побаран транспорт со хеликоптер од местото на настанот до болница во Скопје.

Храбрите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР одговориле веднаш на барањето на Ангелов за интервенција и во моментот на информирањето за настанот хеликоптерот веќе се враќа кон Скопје од Шар Планина, а присебните спасители, коишто се и пријавители на итниот случај укажаа, во директна комуникација со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, дека на повредената од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, адекватно била покриена со фолија за да и се зачува топлината и дека се наоѓала во добра општа здравствена состојба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае,

14/02/2026
Македонија

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од

14/02/2026
Македонија

Јаневска: „Немаме време за просечност“ – Започнуваат директни средби со

14/02/2026
Македонија

ССМ со податоци: Македонскиот работник создава 5.000 евра месечно, а

14/02/2026
Македонија

„ПОЛА ВЛАДА НА ЗАЕВ ВО ЗАТВОР ЌЕ ОДЕШЕ!“ Манасиевски ја

14/02/2026
Македонија

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и

14/02/2026
Македонија

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола

14/02/2026
Македонија

Кавадарчанка измамена од сограѓанка за 180 илјади денари – требало

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41466
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае, МОН очекува официјални забелешки

14/02/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека јавната дебата за новиот Закон за високо образование сè уште трае

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од странство е до 31 март!

14/02/2026

Управата за јавни приходи (УЈП) упати потсетување до сите граѓани (резиденти) кои во текот на 2025 година оствариле каков било

Јаневска: „Немаме време за просечност“ – Започнуваат директни средби со универзитетите за новиот Закон за

14/02/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека од следната недела започнува серија посети на универзитетите за директна дебата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy