Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Два туриста, жители на Хонк Конг изгубени во Кањон Матка, по јавување на 112 во ЦУК од телефон без картички брзо се пронајдени од Полициски тим и се на безбедно
Македонија

ЦУК: Два туриста, жители на Хонк Конг изгубени во Кањон Матка, по јавување на 112 во ЦУК од телефон без картички брзо се пронајдени од Полициски тим и се на безбедно

30/07/2023

AA

Денеска доцна попладне, во 18.10 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК помош побараа два туриста, жители на Хонк Конг кои се изгубиле во Кањон Матка, во реонот на средновековниот манастир „Свети Никола Шишевски“ и беа пронајдени и спасени од тим од Полициската станица Сарај за два часа од нивното јавување, во 20.15 часот.

Двата туриста повикот за помош до 112 во ЦУК го реализирале од мобилен без картичка, координатите не било можно да се одредат во овој случај, мрежата била со слаба јачина на сигнал, но можело да се разговара. Информирале на англиски јазик дека се изгубени и без ориентација каде се наоѓаат, туку информирале дека се опкружени со високи ридови и дека имаат минимално храна и вода.

Дежурниот оператор на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, бил подолго време во комуникација со нив и ги координирал да пронајдат бележито нешто во нивната околина. По пронаоѓањето на знак на патека за манастирот „Свети Никола Шишевски“, дежурниот операторот од 112 во ЦУК им посочил престанат да се движат и да останат до знакот на патеката. Потоа, веднаш координирал со МВР за нивно пронаоѓање и за извлекување на безбедно. Тим од Полициската станица Сарај брзо излегол на терен и ги пронашол, според описот на локацијата каде бил знакот за Манастирот, по што се извлечени на безбедно здрави и живи, во 20.15 часот,  за два часа од нивното прво јавување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy