Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: 22 пожари на отворено, осум се уште се евидентираат како активни, 1 998 повици на 112
Македонија

ЦУК: 22 пожари на отворено, осум се уште се евидентираат како активни, 1 998 повици на 112

16/04/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 22 евидентирани пожари на отворен простор во последното деноноќие, од коишто утрово осум се уште се активни, за коишто од ЦУК се информира сублимирано.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот над село Селце, кој гори од 11.04.2024 година, се уште е активен и покрај тоа што денеска на терен гаснеа два хеликоптери од МВР и ренџерите од Национален парк “Шар Планина“ со 10 луѓе, а и четири пожарникари од ТППЕ-Тетово. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера беше и на терен. Опасност за соседното селото Лавце нема. а пожарот е далеку и од други објекти или населени места. Хеликоптерите престанаа со гасење по 16.00 часот, а и повеќето од луѓето беа повлечени. На терен останаа дежурни неколку ренџери од Национален парк „Шар Планина“ кои дежураат за секој случај. Во текот на денешниот ден повторно екипите од утрово интервенираат. Активни пожари има во с.Гургурница (Општина Брвеница), помеѓу с.Сретково и с.Церово, кај одморалиштето „Бунец“ (Општина Маврово – Ростуше), а и кај с.Горјане (Општина Врапчиште),

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку 112 во ЦУК, вчера во 11.12 часот добиле пријава за пожарот во месноста „Темна Бука“, кон Китка, Кадина река 2 во Општина Студеничани) каде што гори многу високостеблена борова шума. Екипите од ЈП Национални шуми подружница – „Караџица“, вчера известиле дека се на терен и дека интервенираат, а во 07.45 часот добиле пријава за пожар во с.Црвена Вода (Општина Студеничани) каде што вработени од подружницата „Караџица“ не интервенирале, заради тоа што за истиот оцениле дека „се задишувал“ и не постоела опасност од него.

Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола, дека е се уште активен пожарот над с.Острец,на Баба Планина што започна во 07:00 часот на 14.04.2024. Пожарот е на непристапен терен и не биле во можност да интервенираат. Гори сува трева, лисја и гранки и нема опасност по населени места и Националниот парк „Пелистер“.

Регионалниот ЦУК Велес известува дека вчера во 23.00 часот избувнал пожар на отворен простор кај с.Горно Јаболчиште во Општина Чашка каде што гори букова шума. Од ЦУК веднаш се извесетни во ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, коишто информирале утрово ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат.

Инаку, во последното деноноќие, биле изгаснати 14 од вкупните 22-те пожари на отворен простор.

Во ЦУК имало вкупно 1 998 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 54,65%, а 45,35% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 61,22%, кон Итната медицинска помош 29,17%, кон пожарникарите 8,33%, а кон АМСМ 0,32% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 909 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање 0,96% од „реалните“ повици и 45,35% на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy