Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чурлинов: Компани е роден победник, тој е вистински човек за Баерн!
Спорт

Чурлинов: Компани е роден победник, тој е вистински човек за Баерн!

27/05/2024

AA

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов во изјава за „Скај Спорт Германија“ го испофали идниот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани.

Компани му беше тренер на Чурлинов во Барнли во Чемпионшип, по што Македонецот отиде на позајмица во Шалке. Поврзаноста на нашиот фудбалер со Белгиецот беше интересна за германските медиуми, па тие го прашаа за негово мислење.

„Тој е многу амбициозен и секогаш се обидува да го извади најдоброто од своите фудбалери на секој тренинг и на секој натпревар. Мислам дека тоа ќе го прави многу добро во Баерн. Беше многу успешен како фудбалер, што исто така има ефект врз неговите фудбалери. Има победнички менталитет и тоа е добро за Баерн во овој момент. Верувам многу во него, тој е одличен тренер и не мислам дека ќе има било каков проблем во Баерн. Тој исто така е одличен и од човечка гледна точка. Кога бев болен, дојде во болница и ме посети, секогаш ќе има посебно место во моето срце. Работеше со години под водство на Пеп Гвардиола, тој е примерок на школата на Гвардиола, носи сѐ што научил од Пеп. Се обидува да ги развие своите фудбалери на многу детален начин. Исто така многу добро работи со млади фудбалери. Мислам дека ќе направи големи работи во Баерн“, изјави Чурлинов за „Скај Спорт Германија“.

Во наредните денови се очекува Баерн Минхен и официјално да го промовира Компани во нов тренер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy