Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чудо во Сплит: МЗТ го освои „Грипе“ и остана во игра за опстанок во АБА (ФОТО)
Спорт

Чудо во Сплит: МЗТ го освои „Грипе“ и остана во игра за опстанок во АБА (ФОТО)

07/04/2023

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжуваат битката за опстанок во АБА-лигата, откако вечерва по голема борба, како гости, го совладаа Сплит (77-74) и се изедначија по бројот победи со директниот ривал за избегнување на последното место, Борац Чачак.

Аеродромци до првата гостинска победа дојдоа со храбра игра во сите 40 минути и без никаков респект кон противникот, кој сезонава игра фантастично во славната арена „Грипе“. Стартот со 8-0 го најави успехот на сино-белата чета, која само во неколку моменти кон крајот на првата четвртина им дозволи на сплиќани да дојдат до водство. Сето останато на оваа средба беше во знакот на „металците“, кои ја издржаа и канонадата тројки на Сплит во третата четвртина (пет). Тие на крајот умешно ја задржаа предноста, која во неколку наврати беше и двоцифрена и сосема заслужено се радуваа на големиот триумф.

Војдан Стојановски одигра мајсторски и средбата ја заврши со 16 поени и седум асистенции, додека зад него беше неговиот брат-близнак Дамјан со 13 поени. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште Александар Бурсаќ со 12 поени и Мајк Кефи со 10 поени.

МЗТ сега има скор 6-19, додека Борац Чачак има 6-18, но и средба против фаворизираната Црвена Звезда в недела на домашен терен. На аеродромци за избегнување на испаѓањето им треба пораз на српскиот тим на овој меч и на следниот на гости кај Будуќност, како и победа во пресметката против Цибона за една недела во „Јане Сандански“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека избола човек со нож

14/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy