Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧОВЕК ОД ДУБРОВНИК ДАВА БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ ВО СПЛИТ ЦЕЛА ГОДИНА: Има само еден многу едноставен услов
Регион

ЧОВЕК ОД ДУБРОВНИК ДАВА БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ ВО СПЛИТ ЦЕЛА ГОДИНА: Има само еден многу едноставен услов

25/08/2023

AA

На една група на Фејсбук се појави многу необична реклама. Сопственик на недвижнина во текот на целата година
бесплатно го нуди својот имот во нова зграда со еден услов, пренесува Јутарњи.хр Важно му некој ги одржува базенот и дворот.

– Бесплатно сместување во замена за одржување на базен и
двор за едно лице или пар во објект во предградие на Сплит. Пет месеци
сместување во наместена гарсоњера, а остатокот од годината во некој од
становите во зградата. Исплатени сите режиски трошоци. Можност за дополнителна
заработка во текот на сезоната – стои во огласот.

Сопственикот, кој сакаше да остане анонимен, објасни дека се
решил на ваков чекор бидејќи сместувањето го користи само за време на
туристичката сезона.

-Тоа е зграда наменета само за туризам, таму не живее никој.
Живеам во Дубровник и сакав да понудам опција за бесплатно сместување во замена
за некој да го одржува просторот додека ме нема. Имаме куќни помошници кои се
грижат за ова, но би сакал некој постојано да живее таму. Порано имаше една
госпоѓа која, за жал, почина. Пото дојде
мој пријател, но набрзо замина од Хрватска, објаснува сопственикот.

Имено, тој што ќе ја прифати понудата не мора ни да се грижи
каде ќе оди во текот на летната сезона, бидејќи и за тоа сопственикот има
решение.

– Идејата е, значи, да се најде некој што би живеел таму без
никакви дополнителни трошоци, не плаќајќи ништо, дури ни комуналии… Тој би
можел да остане цела година, 12 месеци, освен оние четири-пет месеци кога
зградата е полна. Тогаш на тој човек или пар би му обезбедил наместено
студио-апартман наменето за вработените во објектот. За возврат барам од тој
човек да се грижи за објектот, односно да одговара за него, со акцент на
одржување на базенот и градината – вели тој.

Веќе има кандидати, но прво треба да направи интервјуа, по
што ќе донесе одлука. Би сакал да е некој познат, но вели дека не се плаши да
го даде станот на непозната личност, а објаснува и зошто.

– Приказната е всушност многу едноставна. Добро е и за човекот што се вселува,
добро е и за мене. Во
туризмот сум 20 години и морам да им верувам на луѓето. Пред неколку години
наидов и на кражба во стан, а крадецот многу брзо го откривме. Областа има
камери, и се разбира, лицето ќе ги даде своите информации, заради превенција.
Верувам дека човек кој оди да направи нешто лошо, да краде или, на пример, да
го игнорира единствениот услов што го поставив во рекламата, всушност си прави
зло. Лесно ќе најдам замена, а тие тешко ќе најдат подобри услови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy