
Чкембари: Ова е мизерија, очекуваме промени!
Навивачите на Пелистер не се среќни од случувањата во екипата, но сметаат дека ситуацијата може да се промени ако се реагира навремено од управата на клубот.
„Катастрофа, дебакл, мизерија. Веруваме дека оваа сезона не сме го кажале последниот збор. Додека постои и само теоретска шанса ќе веруваме во неа, а шансите не ни се само теоретски туку и реални. Имаме време за да го свртиме моментумот на наша страна. Очекуваме промени“, порачаа „Чкембари“.
Доколку до крајот на регуларниот дел од сезоната двете екипи триумфираат на останатите натпревари, Вардар во плејофот ќе пренесе три бода, додека Пелистер ќе има два бода.
