Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Четворица повредени во пожарот во Трубарево
Македонија

Четворица повредени во пожарот во Трубарево

14/09/2025

AA

Вкупно четири лица се повредени во големата огнена стихија што 15 часа беснееше во рециклаторниот центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, соопшти денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. Огнот, кој избувна вчера околу 13:30 часот, утринава е ставен под целосна контрола.

Според владините информации, пожарот избувнал во штала која била наменета за складирање на отпадна електрична и електронска опрема, вклучително и отпадни батерии и акумулатори. Огнот брзо се проширил на неколку околни објекти, предизвикувајќи густ црн чад што го вознемири целиот скопски регион. Повеќе детали за состојбата на повредените ќе соопшти министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција закажана за 13 часот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потврди дека со големи напори е спречено ширењето на пожарот кон погоните каде што била складирана отпадна пластика, со што е избегната уште поголема катастрофа.

Во меѓувреме, истрагата за причините и последиците е во полн ек. Јавното обвинителство соопшти дека уште вчера ја ангажирало Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата, која извршила мерења за токсична контаминација на воздухот. Првичните резултати се доставени до обвинителот, а се чекаат и наодите од Министерството за животна средина.

Обвинителството издава наредби за обезбедување на целокупната документација на компанијата „Ф-Групација“, но нагласува дека во опожарениот објект сè уште нема безбедносни услови за вршење увид на лице место. Локацијата останува под обезбедување на полицијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy