Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Четири лица переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца
Магазин

Четири лица переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца

28/11/2024

AA

 Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднела кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ.

Во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, соопштија денеска од МВР, биле преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што биле обезбедени бројни материјални докази. Биле извршени и претреси кај осомничените, и притоа биле пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.

– Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на „Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената, се појаснува во соопштението.

Со намера  да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, се подвлекува во соопштението, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на „Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути.

– Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко-доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош, соопштија од МВР.

Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СТОПЛУВА, АМА УТРАТА ЌЕ ОСТАНАТ СТУДЕНИ Променливо облачно и

22/04/2026
Македонија

Родители од Делчево дозволиле малолетни ќерки да им живеат со

22/04/2026
Македонија

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА Е ДИВОГРАДБА ВО СИСТЕМОТ Власта мора да произлегува

22/04/2026
Македонија

ПРОЕКТ ЗА ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ВОДОВОДЕН СИСТЕМ ВО БИТОЛА Автоматско

22/04/2026
Македонија

Македонија блесна во Москва: Бронзен медал за Даниел Христов на

22/04/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ГЕОПОЛИТИЧКА НЕОПХОДНОСТ Средба на Муцунски со

22/04/2026
Македонија

Филозофски факултет: Поништен спорниот упис на магистерски и докторски студии

22/04/2026
Македонија

Заврши стечајот за „Еурокомпозит“, македонско-полски инвеститори ја преземаат компанијата –

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42774
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СТОПЛУВА, АМА УТРАТА ЌЕ ОСТАНАТ СТУДЕНИ Променливо облачно и сончево време

22/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во источните делови од Македонија ќе

Родители од Делчево дозволиле малолетни ќерки да им живеат со возрасни мажи, едната родила и

22/04/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднесе кривична пријава против две лица од Делчево, на возраст од 49 и

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА Е ДИВОГРАДБА ВО СИСТЕМОТ Власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните

22/04/2026

  Техничката влада е резултат на политички договори и не треба повеќе да постои, бидејќи ја нарушува демократијата, вели Миле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy