Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цената на водата може да се зголеми за 30 денари, Бислимовски вели дека го одбиле предлогот на Водовод за многу повисока цена
Македонија

Цената на водата може да се зголеми за 30 денари, Бислимовски вели дека го одбиле предлогот на Водовод за многу повисока цена

02/03/2023

AA

Со предлогот на Регулаторна комисија водата за граѓаните би се зголемила најмногу до 30 денари на месечно ниво.

Ова го соопшти претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски кој рече дека се одбиени предлозите на Водовод Скопје за поскапување на водата бидејќи барале повисока цена поради зголемување на трошоци од електрична енергија и до Регулаторна навеле дека наместо субвенционираната од 95 евра користат струја од отворен пазар односно цена на берзата Хупекс.

Регулаторна комисија предлага минимално и максимално покачување за кое Водовод ќе треба да донесе одлука, по што ќе треба да го достави до Советот на Град Скопје.

„Постојната цена за домаќинствата изнесува 31,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, значи тоа е одредено минимално намалување кое што се должи на фактот што помошта која што ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и во следниот период, додека максималната тарифа изнесува 34,82 денари. Месечниот трошок ако се прифати максималната тарифа би значел зголемување од 29,5 денари на месечно ниво“, вели Марко Бислимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45038
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy