Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинските служби запленија котури со сајла, цигари, лекови и ремени за товар на Табановце и Богородица
Македонија

Царинските служби запленија котури со сајла, цигари, лекови и ремени за товар на Табановце и Богородица

29/08/2025

AA

Царинските службеници открија и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани котури со сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари, маслиново масло и ремени за товар.

Kотури со сајла

– 18 котури од по 10 метри сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер откриени од страна на царинските службеници од ЦИ Богородица, пронајдени по извршен детален преглед во задниот дел во багажниот простор во ПМВ Ауди А8 со косовски регистарски таблички управувано од страна на косовски државјанин пријавен за влез во државата на царинска испостава Богородица. Непријавената стоката била покриена со заштитна навлака за одело, врз која биле ставени три патни торбици со личен багаж. Вредноста на непријавената стока е 664.200,00 денари, истата е привремено одземена од лицето, а против сторителот до надлежното ОЈО е поднесена кривична по чл. 278 (криумчарење) од КЗ.

Лекови

– 63 пакувања со разни лекови и медицински материјали (сирупи, таблети, чепови, спрејови, клизми, ленти за бандажирање и друго), откриени од страна на мобилни царински тимови, пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Објективи за камери и ремени за товар

– 4 објективи за камери, марка ARRI Signature Prime, пронајдени во куфер сместен во багажникот на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Вредноста на објективите изнесува 4.808.700 денари, а избегнатите давачки изнесуваат 1.149.279 денари.

– 60 ремени за затегнување на товар, откриени од страна на мобилни царински тимови пронајдени во багажникот на автомобил со австриски регистарски таблички, со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Цигари

– 30 штеки цигари без акцизни маркички, откриени во три одвоени случаи, при контрола на три возила управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Дојран.

Во првиот случај, во две најлонски кеси сместени под креветот во кабината на камион со косовски регистарски таблички, биле пронајдени 18 штеки цигари MARLBORO, со вредност 25.200 денари и избегнати давачки во износ од 35.972 денари.

Во вториот случај, во фабричка преграда во кабината на камион со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 6 штеки цигари KARELIA L BLUE, со вредност 5.676 денари и избегнати давачки во износ од 9.317 денари.

Во третиот случај, под предните седишта и на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 6 штеки цигари PS, со вредност 4.320 денари и избегнати давачки во износ од 9.714 денари.

– 17 штеки цигари без акцизни маркички, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два автомобили со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Во првиот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 штеки цигари OME и LM. Вредноста на цигарите изнесува 7.200 денари а избегнатите давачки изнесуваат 14.172 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy