Бугарската „Балкан Јутилитис“ продолжува со снабдување на природен гас за ЕСМ во февруари
Бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ и во месец февруари ќе продолжи со снабдување на природен гас за ЕСМ.
Овој пат имало понуда од фирмата „Актаел“ по цена од 99,83 eвра за мегават час, додека „Балкан Јутилитис“ понудила фиксна цена на природниот гас од 98,71 евра за мегават час.
Сепак, цената е далеку помала од онаа од 115,97 евра што од истата компанија како фиксна беше прифатена од ЕСМ.
-Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во земјава, извести ЕСМ Продажба,
Од таму додаваат дека во оваа цена се вклучени сите трошоци.
„Макпетрол“ не даде понуда на последниот повик на ЕСМ.