Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРИЈА И РОМАНИЈА СО НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА РАБОТНАТА СИЛА – Големи разлики меѓу земјите членки на Унијата
Економија

БУГАРИЈА И РОМАНИЈА СО НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА РАБОТНАТА СИЛА – Големи разлики меѓу земјите членки на Унијата

01/04/2023

AA

Просечните бруто трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра, додека пак во Еврозоната 34,3 евра и забележале раст, објави „Евростат“. 

Податоците покажуваат дека најниски трошоци за работната сила има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург.

– Просечните трошоци за работна сила по час прикриваат значителни јазови меѓу земјите на ЕУ, при што најниски трошоци за работна сила се забележани во Бугарија 8,2 евра и Романија 9,5 евра, а највисоки во Луксембург 50,7 евра, Данска 46,8 евра и Белгија 43,5 евра.

Трошоците за работна сила по час во индустријата беа 30,7 евра во ЕУ и 36,6 евра во еврозоната. Во градежништвото тие беа 27,3 и 30,8 евра, соодветно. Во услугите, трошоците за работна сила по час беа 30,2 евра во ЕУ и 33,3 евра во еврозоната – објави „Евростат“

Податоците говорат дека во 2022 година, во споредба со 2021 година, трошоците за работна сила по час на ниво на целата економија изразени во евра се зголемиле за 5 отсто во ЕУ и за 4,7 проценти во еврозоната.

Во еврозоната, трошоците за работна сила по час се зголемија во сите земји-членки. Најголеми зголемувања се забележани во Литванија (+13,3%), Ирска (+9,3%) и Естонија (+9,1%).

За земјите од ЕУ надвор од еврозоната, трошоците за работна сила на час изразени во национална валута се зголемија во 2022 година во сите земји, со најголем пораст забележан во Бугарија (+15,3%), Унгарија (+13,9%), Романија (+12,2%) и Полска (+11,7%). Најмалку се зголемија во Данска (+2,3%).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy