Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУЈАР НИ НАЦРТА НА ТАБЛА: Како наставник, црташе и објаснуваше за преговарачката рамка
Економија

БУЈАР НИ НАЦРТА НА ТАБЛА: Како наставник, црташе и објаснуваше за преговарачката рамка

05/08/2023

AA

Бујар Османи, на табла им нацрта на граѓаните објаснување за прегварчката рамка со Еу.
„ Кратко објаснување на суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ, како одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина.
Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел.

Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата.

Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат. Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции. Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички.

Она што е поважно е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.

Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементацијата, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот“ истакна Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy