Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бројот на странски туристи расте и во октомври! КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА СКОПСКИТЕ ХОТЕЛИЕРИ?
Економија

Бројот на странски туристи расте и во октомври! КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА СКОПСКИТЕ ХОТЕЛИЕРИ?

17/12/2024

AA

Анализата на расположливите податоци на Државниот завод за статистика води кон заклучок дека скопските хотели со 4 и 5 ѕвездички оствариле најмалку 40.000 ноќевања на странски туристи во октомври. Со оглед на ценовниот дијапазон достапен на сервисот „Букинг“ просечна цена по ноќевање за скопски хотели со категоризација од 4 или 5 ѕвезди, во просек, не е пониска од 70 евра по лице за ноќ. Апроксимативно приходот од остварени ноќевања на странски туристи во скопските хотели не е помал од 2,8 милиони евра во октомври

Бројот на странски туристи во Македонија во октомври е зголемен за 15 отсто, а бројот на ноќевања на странските туристи е зголемен за 10 отсто, во споредба со истиот период лани. При тоа Скопје е главна туристичка дестинација односно „хотспот“ на странските гости. А скопските хотели и сместувачките капацитети учествуваат со половина во сите остварени ноќевања во октомври, покажуваат најновите официјални податоци на Државниот завод за статистика достапни на следниот линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2024/8.1.24.39_mk.pdf

Бројките покажуваат континуиран раст на бројот на странски туристи, кои се клучен индикатор за работењето на хотелиерите во периодот што во нивниот жаргон е познат како „оф топик“ односно период меѓу две високи сезони.

Според официјалната статистика на ДЗС во Скопје во октомври странците оствариле 69.427 ноќевања. Тоа е речиси 50 отсто односно половина од сите ноќевања кои странците ги оствариле во Македонија.

Фокусот на оваа кратка анализа ќе го ставиме на скопските хотели. Јавно достапните податоци на големиот светски туристички агрегатор на понуди „Букинг“ (оригинално Booking) он-лајн глобален сервис за резервации покажуваат дека Скопје во својата понуда има околу 40 хотели кои декларираат сместување со категоризација од четири или ѕвездички.

Во понудите на хотели со категоризација од четири ѕвездички пишува дека цена за ноќевање по лице во еднокреветна стандардна соба чини меѓу 40 и 80 евра во зависност од атрактивноста на локацијата на која се наоѓа хотелот, но и од пропратните услуги кои ги нуди.

Кај хотелите со 5 ѕвезди кои се значајно помалку на број од тие со четири ѕвезди понудата за букирање на соба за ноќ е од 80 до 120 евра во зависност од конфорот што се бара.

Во структурата на ноќевања ДЗС нема прецизна евиденција за тоа колку ноќевања во хотели со категоризација се реализирани според градови. Со оглед на тоа дека Скопје има најмногу хотели со категоризација и дека Скопје е домаќин на речиси половина од сите ноќевања во октомври минимум е дека скопските хотели со четири и пет ѕвездички за своите странски гости обезбедиле над 40.000 ноќевања в октомври.

Просечната цена за ноќ во хотел (категоризација со четири или пет ѕвездички) во Скопје не е пониска од 70 евра. А во вкупните странски ноќевања во Скопје најмалку 60 отсто отпаѓаат на сместувања во хотели со четири или пет ѕвездички.

Сумата која се добива укажува дека прометот на скопските хотели (четири и пет ѕвезди) во октомври изнесува помеѓу 2,8 и 3 милиони евра остварени од ноќевања на странски гости. 

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026
Македонија

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории

27/05/2026
Македонија

Со тишина и молитва до правда: Најавен 44-тиот „Марш на

27/05/2026
Македонија

МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27/05/2026
Македонија

Со возачка дозвола од „Б“ категорија отсега ќе може да

27/05/2026
Македонија

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог законот за

27/05/2026
Македонија

Грозданов: Модерното рударство денес е една од најконтролираните индустрии

27/05/2026
Македонија

Филипче: Граѓаните одлучуваат за патот кон ЕУ, власта да распише

27/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43490
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026

Камион полн со роба се запали попладнево на патот Битола-Прилеп. Според информации од терен, формирани се големи колони и застој

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории граѓани

27/05/2026

Нова финансиска поддршка за социјално загрозените лица Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени

Со тишина и молитва до правда: Најавен 44-тиот „Марш на ангелите“ за 63-цата загинати во

27/05/2026

На денот на Задушница, со тишина, молитва и непоминлива болка, семејствата на настраданите, повредените и граѓаните ќе го одржат 44-тиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy