Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРАТОТ НА ГАЗДА ДЕКО ПРОДАВАЛ БИЛЕТИ, НЕ БИЛ НАДЛЕЖЕН ДА ЛЕГИТИМИРА Неговиот адвокат вели дека тој не може да одговара за нешто што не го предизвикал
Македонија

БРАТОТ НА ГАЗДА ДЕКО ПРОДАВАЛ БИЛЕТИ, НЕ БИЛ НАДЛЕЖЕН ДА ЛЕГИТИМИРА Неговиот адвокат вели дека тој не може да одговара за нешто што не го предизвикал

02/12/2025

AA

Братот на газдата на дискотеката „Пулс“, Тодор Јованов, е петтообвинет во случајот „Кочани“. Тој продавал билети за во дискотеката „Пулс“.

Неговиот адвокат Александар Новаковски денеска во воведниот збор рече дека Тодор Јованов нема својство на одговорно лице во фирмата.

– Јавното обвинителство отвори многу прашања за одговорноста на институциите, а тоа го поврза во долг временски период во кој ги става дејствијата на обвинетите, што е невозможно. Обвинетиот Тодор Јованов нема својство на одговорно лице во фирмата, како што наведува ЈО. Доставивме докази дека тој нема никакво својство во правното лице. Предложивме и сведоци. Не знам дали е техничка грешка, во обвинението се става во контекст со сопственикот на објектот, „бидејќи не постапиле согласно прописите“, ова не можам да го разберам и не гледам каква е поврзаноста на Тодор Јованов. За него се споменува дека бил одговорно лице во фирмата. Точно е дека продавал карти, но немал надлежност да врши проверка на влезот и излезот на објектот, а посебно не е надлежен да легитимира – рече адвокатот.

Според него, во обвинението има многу нејасни формулации и нејасни дејствија и тоа ќе мора да го докажуваат.

– Јавноста со право е поделена во мислењето дека правната квалификација на делото ќе може да се докаже. Општата квалификација е предизвикување општа опасност. Конкретната опасност е обележјето на битието на ова дело и таа мора да се докаже, а тоа треба да го направи Обвинителството. Не се прави разлика меѓу непосредните опасни околности и факторите кои не можат самостојно да ја предизвикаат последицата, ама создаваат прилика за нив. Ова се карактеристики за незаконско работење. Продавањето карти не може да ја предизвика последицата. Причината за пожарот е внатре во објектот. Продавањето карти нема обележје на кривичното дело кое се става на товар, бидејќи и без тоа последицата би настанала. Дејствијата на обвинетиот никако не може да бидат причина за настанување на последицата. Последицата е нужен, но не и доволен услов, за објективно да му се стави на товар на обвинетиот – рече адвокатот Новаковски.

Тој наведе дека времето на извршување на делото не е точно одредено, а тоа е клучен елемент за едно вакво обвинение. Адвокатот нагласи дека смислата е обвинетиот да одговара за последиците кои се негово дело, а не може да одговара за последици кои случајно се надоврзуваат на неговото работење.

– Под кои услови последицата објективно ќе се припише како негово дело? Ќе докажеме дека тоа е невозможно, а обвинетиот со ниедно свое дејствие не го сторил кривичното дело. Обвинетиот не можел да биде свесен за последицата и не можел од позицијата што ја имал, да ја претпостави. Учествувал во спасување на младите лица, а во објектот била и неговата ќерка, која има трајни последици – додаде адвокатот Новаковски.

 

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy