Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска: Рударите се економски столб на државата
Македонија

Божиновска: Рударите се економски столб на државата

28/08/2025

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска по повод Денот на рударите присуствуваше на свечената манифестација во РЕК Битола, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и раководството на АД ЕСМ. Настанот беше можност да се оддаде почит кон рударите и да се нагласи нивното значење за економијата на државата.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека рударите се економски столб кои секојдневно се соочуваат со предизвици за да обезбедат стабилност и иднина за државата.

„Секојдневна битка со длабочината и темнината за ресурси кои ја движат економијата. Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд. Министерството стои цврсто зад секој рудар – со современа опрема, безбедни услови за работа и фер стандарди за сите,“ порача министерката.

Таа испрати и јасна порака кон компаниите што работат во секторот:

„За оние што вложуваат во безбедноста на рударите и заштитата на животната средина, поддршката е целосна. Но за оние што мислат дека можат да ја заобиколат законската регулатива – нема компромиси. Инспекциите се засилени, контролите се редовни, а казните построги од кога било. Законот важи за сите – без исклучок,“ нагласи Божиновска.

Со доделувањето на признанија за најистакнатите рудари, манифестацијата во РЕК Битола уште еднаш ја потврди улогата на рударството како силен и одржлив економски сектор, но пред сè како професија која бара почит, заштита и континуирана поддршка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy