Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска: Помагаме на ранливите, нема исклучување на електрична енергија!
Економија

Божиновска: Помагаме на ранливите, нема исклучување на електрична енергија!

24/06/2025

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во интервју за „Зум ин“ на „Блумберг“ зборуваше за концептот на енергетска сиромаштија кој е предвиден со новиот Закон за енергетика. 
„Прв пат се воведува концептот за енергетска сиромаштија. Досега тоа го немало. Ние уште пред да се донесе законот, имавме работна група со Министерството за социјална политика и со ЕВН и работиме на формулирање на метод за енергетска сиромаштија. Сакаме да ги детектираме навистина оние кои се енергетски сиромашни и тука воведуваме за прв пат и финансиски и нефинансиски мерки. На пример нефинансиски мерки значи дека во зимата овие кои ќе бидат детектирани како енергетски сиромашни не може да им ја исклучите електричната енергија“ потенцираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во интервјуто за „Зум ин“. 
Таа појасни дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини досега имало два повици за ранливи категории, како дел од финансиските мерки за поддршка и најави дека ќе се продолжи со субвенциите. 
„Ние дававме субвенции, ќе продолжиме и понатаму. Министерството ќе има повици и ќе имаме директна помош, значи ќе им се префрлаат пари за електрична енергија што значи нема да има никакви шанси за злоупотреба, а од друга страна навистина сакаме да помогнеме на тие што се ранливи! Со помош од Европската унија, тие имаат точни методологии, каде што точно ние ќе детектираме и ќе имаме начини како да им помогнеме!“, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во интервју за „Зум ин“ на „Блумберг“. 

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy