Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција е полна со предизвици
Економија

Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција е полна со предизвици

02/10/2024

AA

Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција е полна со предизвици

Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме нови проекти. Живееме во реалност кога сè што е поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, па соодветно на тоа и темата на годинешниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. 

Ова го порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во својство на говорник, во рамките на реномираната меѓународна конференција „Енергетика 2024“.

Во своето обраќање, Божиновска се осврна на значењето на производството и дистрибуцијата на енергија како основа на економскиот раст и стабилност. 

„Влегуваме во ера на чиста енергија, енергетска ефикасност и технолошки напредок, која ќе ни овозможи намалување на емисиите на јаглерод и истовремено обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите. Ова нѐ води до една од клучните теми на конференцијата: енергетската транзиција. Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Македонија не е исклучок, затоа што правивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици“ нагласи Божиновска.

Политичките рамки, исто така, играат значајна улога во енергетската транзиција. Политиките мора да бидат насочени кон поддршка на преминот кон чиста енергија, додека ги адресираат и социо-економските аспекти на овој процес.

Владите, смета Божиновска, треба да обезбедат јасни и предвидливи регулаторни услови кои ќе поттикнуваат инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. 

„Ова нѐ води до втората критична тема на конференцијата: одржлив развој на енергетските системи што ги градиме денес, ќе имаат далекусежни последици за идните генерации. Нашата одговорност е да осигураме дека тие системи се одржливи, отпорни и прилагодливи на променливите потреби на општеството и животната средина. Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија.

„Оваа значајна конференција во организација на ЗЕМАК не е само можност за размена на знаења, туку и повик на акција. Идеите што ќе ги размениме и партнерствата што ќе ги изградиме овде ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во земјава, регионот и светот. Да ја искористиме оваа можност за да создадеме нови соработки, да истражиме најнови технологии и да развиеме стратегии што ќе нè водат кон почиста, одржлива и сигурна енергетска иднина. Заедно, можеме да ги надминеме предизвиците и да изградиме подобар, позелен свет за идните генерации“ порача министерката Божиновска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy