Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“
Економија

Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“

15/10/2024

AA

Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“

Божидар Јанковски, сопственикот на „Дајнерс клуб Македонија“, најавува јавна понуда на акции (ИПО) со што ова акционерско друштво би привлекло инвеститори и би станала котирана компанија на Македонската берза. 

Бизнисменот вели дека „ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје“ во моментов е во контакт со консултанти од странство кои треба најдобро да кажат како тоа да се организира. Компанијата во моментов е единствената институција која издава кредитни картички, а чека дозвола од Народна банка да работи со услугите во платниот промет.

– Консултациите се во тек и со луѓето од „Македонска берза“, а колку акции би биле понудени,тоа засега може да биде само една груба идеја, која сепак е сериозна. Во овој момент може да се каже само тоа дека процесот е започнат. До крајот на 2025 очекувам „Дајнерс клуб Македонија“ да котира на Македонската берза, вели Јанковски за „Фактор“.

Во март 2022 година „Дајнерс клуб Македонија“ се трансформира во акционерско друштво без промена на сопственоста и уште тогаш најави дека клучна идна цел се зголемување на транспарентноста и на отвореноста и привлекување нови инвеститори преку ИПО и котација на берзата.

Со котирањето на „Дајнерс клуб Македонија“.на „Македонска берза“ ова финансиско друштво ќе може да тргува со своите акции. 

Инаку Јанковски за ова говореше на годишната конференција на Македонската берза, која се одржа минатиот месец во Охрид. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
Македонија

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата

22/08/2026
Македонија

17 пожари на отворен простор регистрирани до 13 часот, 11

22/08/2026
Македонија

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102

22/08/2026
Македонија

Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи

22/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ евидентирал над 310 илјади прекршоци, најголем дел за

22/08/2026
Македонија

Центарот за кризи со „важно соопштение“: Поради жештините возовите наместо

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45183
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026

Повеќе региони во земјава денеска се погодени од пожари на отворен простор, при што најмалку 20 пожари се регистрирани на

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати се искачи на пет

22/08/2026

Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјава, со што бројот на смртни случаи од оваа инфекција се искачи

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата и потеклото на средствата на

22/08/2026

Министерството за финансии продолжува со спроведувањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со донесување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy