Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОСАНСКИ ДОКТОР ТВРДИ ДЕКА ЗНАЕ ЗОШТО СЕ ПОЈАВИ ЕПИДЕМИЈА НА КАРЦИНОМ: Подобро да фрлеа атомска бомба меѓу луѓето, отколку тој вирус
Регион

БОСАНСКИ ДОКТОР ТВРДИ ДЕКА ЗНАЕ ЗОШТО СЕ ПОЈАВИ ЕПИДЕМИЈА НА КАРЦИНОМ: Подобро да фрлеа атомска бомба меѓу луѓето, отколку тој вирус

28/04/2025

AA

Кардиоваскуларниот хирург и професор на Медицинскиот факултет во Сараево, д-р Емир Солаковиќ, тврди дека последица од коронавирусот се голем број на видови на рак, но и многу други болести.

Доктор Емир Солаковиќ рече дека денес имаме епидемија на рак кои се директна последица на коронавирусот.

„Постои нешто што е специфично, наследно, нешто што го нарекуваме автоимуна болест, и кое директно зависи од нашиот имунолошки систем. Имунолошкиот систем е тој што ве штити, што ја води битката во вашето тело секој ден, без прекин. Канцерогените клетки постојано циркулираат во нашето тело. Тие се таму, шетаат низ телото, но нашиот имунолошки систем ги запира и ги уништува. Додека имунолошкиот систем победува, вие сте здрави. Но, ако канцерогените клетки го победат имунолошкиот систем, се развива рак“, објасни д-р Солаковиќ, гостин во емисијата „Пресинг“ на N1 БиХ.

Тој исто така рече дека верува оти коронавирусот не потекнува природно.

„Беше направено, фрлено меѓу луѓето. Можам да кажам дека она што се случи со короната е најопасната работа што можеше да го погоди човештвото. Ќе беше подобро да фрлеа атомска бомба бидејќи така го уништија имунитетот на луѓето“, рече д-р Солаковиќ, додавајќи дека короната „го уништи имунолошкиот систем“.

„И кога имунитетот опаѓа, канцерогените клетки добиваат слободен простор“, заклучува тој.

Затоа денес, според кардиоваскуларниот хирург и професор на Медицинскиот факултет во Сараево, кој е наречен и босанскиот доктор Оз, имаме епидемија на рак, но за неа не се зборува.

„Во болниците, на терен, го гледаме тоа секој ден. Луѓе доаѓаат со рак, со сериозни болести, но никој не го поврзува тоа со коронавирусот. Никој нема јавно да каже дека тоа е последица на пандемијата“, објасни д-р Солаковиќ.

Кога заврши пандемијата, заврши и приказната за неа. Но, последиците не исчезнаа. Тие остануваат – и физички и психолошки, тврди докторот. Луѓето се оставени ранливи, ментално исцрпени, многумина завршуваат во психијатриски болници, дури и оние кои на прв поглед изгледаат здрави. Короната, нагласува Солаковиќ, навлегла во сите системи на човечкото тело, особено во најслабите. Со напаѓање на имунолошкиот систем, се отвори вратата не само за рак, туку и за дијабетес, срцеви проблеми и ментални нарушувања.

Денес, луѓето се понервозни од кога било, а менталната состојба на нацијата е нарушена, убеден е д-р Солаковиќ.

„Корона влезе и во нервниот систем, срцето, главата. Не е дека луѓето се под стрес, туку многумина буквално полудеа. Завршуваат во психијатриски болници затоа што вирусот го уништил она што ги држело на нозе. Сепак, малку се зборува за тоа. Веќе нема вести, веќе не е интересно. Но, последиците се тука, околу нас, секој ден, на секој чекор“, заклучи тој.

Дневник.хр  N1

Фото: Принтскрин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026

Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy