
Борел: КФОР не може вечно да ги чува градоначалниците на Косово
Да се одржат нови избори на северот на Косово со безусловно учество на Србите, КФОР не може вечно да ги чува градоначалниците, вели високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел.
Тој денеска изјави дека мора да се организираат нови избори во сите четири општини на северот на Косово, со безусловно учество на Србите. Борел рече дека двете страни мора да организираат нови избори, а неучеството на Србите „ќе доведе до ситуацијата во која се наоѓаме денес“. Борел изјави дека градоначалниците немаат легитимитет и со тоа ги провоцираат демонстрантите. Тој рече и дека се очекува „европско однесување“ од идните членки на Европската унија.
Србија ги ослободи тројцата косовски специјалци кои претходно српската полиција ги уапси во централна Србија.
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека агресијата на српската страна мора да се смета за одговорна.
