Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бомбашкиот напад во Анкара ја вознемири Турција и потсети на раните од минатото: Милитантните групи сееја смрт, а ова беше најкрвавата година
Македонија

Бомбашкиот напад во Анкара ја вознемири Турција и потсети на раните од минатото: Милитантните групи сееја смрт, а ова беше најкрвавата година

01/10/2023

AA

Турскиот министер за внатрешни работи во неделата изјави дека двајца терористи извршиле бомбашки напад пред зградите на министерството во Анкара, додавајќи дека еден од нив загинал во експлозијата, а другиот бил „неутрализиран“ од тамошните власти.

Бомбашкиот напад, прв што ја погоди Анкара по неколку години, се случи речиси една година откако шест лица загинаа, а 81 беа повредени во експлозија на прометна пешачка улица во центарот на Истанбул на 13 ноември 2022 година.

Турција ги обвини курдските милитанти за експлозијата, која ги потсети Турците на бранот напади извршени од различни милитантни групи во турските градови меѓу средината на 2015 и почетокот на 2017 година, пишува Ројтерс.

5 јануари 2017 година – Турски полицаец и судски службеник беа убиени од автомобил-бомба во егејскиот град Измир, додека најмалку 10 лица беа повредени. Властите соопштија дека зад нападот стојат милитанти од Курдистанската работничка партија (ПКК).

31 декември 2016 година – Исламска држава ја презеде одговорноста за новогодишното масовно пукање во кое загинаа 39 лица, откако осамен напаѓач отвори оган во преполн ноќен клуб во Истанбул.

17 декември 2016 година – Автомобил-бомба уби 13 војници, а повреди 56 кога проби автобус со воен персонал што не бил на должност во централниот град Кајсери. Одговорноста за нападот ја презеде огранок на ПКК.

10 декември 2016 година – Двојни бомбашки напади, едниот поставен во автомобил, а другиот врзан за бомбаш-самоубиец, уби 44 луѓе, главно полицајци, а повеќе од 150 беа повредени пред фудбалскиот стадион во Истанбул. Одговорноста за нападот ја презеде огранокот на ПКК, Сотребите на слободата на Курдистан (ТАК).

26 август 2016 година – Во самоубиствен напад со камион врз полициско седиште во југоисточна Турција загинаа најмалку 11, а беа повредени десетици. ПКК ја презеде одговорноста за нападот.

20 август 2016 година – Бомбаш самоубиец нападна свадбена веселба во југоисточниот турски град Газиантеп, при што загинаа најмалку 51 лице. Претседателот Тајип Ердоган рече дека напаѓачот соработувал со Исламската држава.

28 јуни 2016 година – Во троен самоубиствен и вооружен напад на главниот аеродром во Истанбул загинаа 45, а беа повредени повеќе од 160 луѓе. Турција им изрече доживотни затворски казни на лица поврзани со извршителите на нападите, за кои се верува дека се вмешани во Исламска држава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
Македонија

Перински: Опозицијата го кочи Законот за локална самоуправа и референдумски

13/06/2026
Македонија

Перински: Автоматизираниот систем во општините ќе го намали просторот за

13/06/2026
Македонија

Богојески: Не смееме да ги казнуваме младите кои заработуваат на

13/06/2026
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43740
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy