Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бомбашки напад во Москва: Има загинати и ранети!
Македонија

Бомбашки напад во Москва: Има загинати и ранети!

24/02/2026

AA

Во експлозија во Москва е убиен еден полицаец, а двајца се повредени. Истражниот комитет покрена постапка по нападот врз полициско возило.

Еден полицаец е убиен, а двајца се повредени во експлозија во Москва во понеделникот вечерта, соопшти рускиот Истражен комитет.

Се наведува дека напаѓачот на полициското возило починал на лице место.

Во соопштението за РИА Новости, Истражниот комитет истакнува дека експлозијата се случила во близина на станицата Саваеловски.

Станицата Саваеловски, на северот од Москва, е едно од главните железнички јазли во главниот град на Русија.

Напаѓачот им пријде на сообраќајните полицајци кои седеле во нивното патролно возило, по што експлозивната направа била детонирана, се наведува во полициското соопштение.

Бомбата детонирана покрај полициско возило

Според руската државна новинска агенција ТАСС, патролното возило што било цел на нападот е тешко оштетено, но не се запалило. Локалните медиуми објавија фотографии на кои се гледа полициско возило со искршени стакла во близина на железничката пруга, пишува Гардијан.

Подрачјето е блокирано од полицијата, а на местото на настанот се испратени и неколку возила на итната помош.

Рускиот Истражен комитет, кој се занимава со тешки кривични дела, соопшти дека е покрената постапка.

Во декември 2025 година, двајца полицајци загинаа во експлозија на југот од Москва додека се обидувале да задржат сомнително лице во близина на нивното возило, недалеку од местото каде што неколку дена претходно беше убиен руски генерал.

Во текот на четиригодишната војна на Москва против Украина, на руско тло се случија низа атентати врз официјални лица од руската војска.

Порано овој месец, висок офицер од руската воена разузнавачка служба беше неколкупати застрелан и ранет во напад за кој Москва го обвини Киев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Струга е приведен неготинец осуден на 4,5 години казна

24/02/2026
Македонија

Хуманоста покажана повторно на дело: Хотел „Фламинго“ Казино ја реализираше

24/02/2026
Македонија

ЈАВНОСТА БУРНО РЕАГИРА ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ, ОЈО ОДГОВАРА

24/02/2026
Македонија

Во Струга приведен осуденик по судска наредба – ќе доиздржува

24/02/2026
Македонија

Починат маж пронајден во куќа во Охрид – телото предадено

24/02/2026
Македонија

ОЈО: Мерката куќен притвор на Артан Груби е законска и

24/02/2026
Македонија

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

24/02/2026
Македонија

ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ГРУБИ, А ЌЕ ПОЧНЕ И ЗА

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41850
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Струга е приведен неготинец осуден на 4,5 години казна затвор за „криумчарење мигранти“

24/02/2026

На 23.02.2026 во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од

Хуманоста покажана повторно на дело: Хотел „Фламинго“ Казино ја реализираше традиционалната крводарителска акција

24/02/2026

Вработените во хотел „Фламинго“ Казино, како и голем број граѓани на Гевгелија вчера повторно демонстрираат хуманост при реализацијата на веќе

ЈАВНОСТА БУРНО РЕАГИРА ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ, ОЈО ОДГОВАРА Институцијата ја објасни мерката

24/02/2026

Јавното обвинителство реагираше по бурните реакции во јавноста за мерката куќен притвор определена за поранешниот вицепремиер Артан Груби во предметот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy